За Шри Чинмој Центарот

sri-chinmoy-centre-collage.jpg

Философијата на Шри Чинмој Центарот е едноставна: за да го подобриме светот околу нас, треба прво самите себе да се подобриме. Кога во секој човек ќе има мир, светлина и радост, тогаш ќе можеме да имаме и похармоничен свет.

Нашиот учител, Шри Чинмој, преку свој сопствен пример ни покажа дека има безброј многу начини преку кои можеме да си помогнеме едни на други да ја постигнеме таа цел: секако преку медитација и духовност, но и преку уметност, поезија, креативност, музика, спорт, како и работа на мировни и хуманитарни проекти.

Содржини на оваа страна:
  1. Наши активности
  2. Улогата на Шри Чинмој
  3. Нашиот животен стил
  1. Живот во Шри Чинмој Центарот - приказни на членови
  2. Често поставувани прашања

Работа кон свет на единство

Шри Чинмој чувствуваше дека има длабока врска помеѓу медитацијата и служењето на светот:

Можеме лесно да знаеме дали медитираме добро или не – по начинот на кој чувствуваме, гледаме и размислуваме. Веднаш после нашата медитација, ако имаме добро чувство кон светот, тогаш ќе знаеме дека сме имале добра медитација. Ако гледаме на светот со љубов и покрај неговите несовршености, ако можеме да го сакаме светот и покрај тоа што ги гледаме неговите несовршености – тогаш ќе знаеме дека сме имале добра медитација.

Шри Чинмој

Медитацијата која е поставена околу срцето, како што не’ учеше Шри Чинмој – не’ води кон тоа да ја чувствуваме поврзаноста во универзумот и помеѓу сите нас. Тој не’ охрабруваше несебично да работиме за радост помеѓу луѓето и ни покажа дека тоа може да ни даде иста радост и чувство на внатрешно ширење, какви што ни дава самата медитација.

Ова се дел од настаните кои ги нудиме на пошироката јавност:

Бесплатни предавања и курсеви за медитација

Организираме воведни предавања и курсеви за сите нивоа – како за почетници, така и луѓе кои имаат веќе некакво искуство со медитација, но кои бараат медитација која најдобро би им одговарала.  Пријавете се за следен настан »

Спортски настани

Учениците на Шри Чинмој организираат спортски настани, насекаде во светот, со цел да им помогнат на спортистите да ја доживеат радоста која доаѓа од себенадминувањето. Повеќе на тема спорт »

Концерти на медитативна музика

Музиката е незаменлив дел од животот во Шри Чинмој Центарот и ние често организираме бесплатни концерти на душевна музика за пошироката јавност. Повеќе на тема музика »

Исто така организираме и уметнички изложби, театарски изведби, поетски читања – постојано размислуваме за нови начини како може да го донесеме внатрешното чувство на хармонија во светот.

Исто така се обидуваме и да ја организираме логистиката околу светски-големите иницијативи кои ги основаше Шри Чинмој, во целта да ги зближи луѓето: Трката за мир на Домот на единство (Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run) - најголемата штафетна трка во светот и хуманитарната иницијатива Солзите и насмевките на Срцето на единство (Oneness-Heart Tears and Smiles).

 

Улогата на Шри Чинмој

Шри Чинмој, за време на медитација со своите ученици, на аеродромот во Лос Анџелес, во 1991г.

Постои само еден вистински Учител, како на Небото, така и на земјата, а тој Учител е самиот Бог. Овде ме нарекуваат духовен Учител, но би сакал да кажам дека јас не сум Учител. Тоа што сум е само постар брат во мало духовно семејство. Затоа што имам медитирано и се имам молено или пак поради Севишниот, кој поради својата Бескрајна Добрина ми дал малце повеќе Светлина отколку на другите членови од моето духовно семејство – се обидувам да им помогнам да стигнат до највисоката Цел.

Шри Чинмој1

Членовите на Шри Чинмој Центарот го сметаат Шри Чинмој за свој духовен учител или Гуру – кој ги води и охрабрува на патот кон себеоткривањето, преку свој сопствен пример и богатата оставштина во медитацијата, пишувањата, музиката и предавањата.

Сепак, Шри Чинмој често велеше дека единствениот вистински Гуру е Бог, а дека духовниот учител е како курир или посредник – помеѓу Божјата Сомилост и тежнеењето на трагачот.

Шри Чинмој медитира со своите ученици, Њујорк, 1976г.

Според Шри Чинмој, вистинското духовно учење започнува на нивото на душата, сржта на нашето битие – која ниту се раѓа, ниту умира. Токму поради ова, илјадници ученици сеуште продолжуваат да црпат инспирација и водство од неговите учења и неговиот пример.

По неговото заминување во 2007 година, дополнително и нови генерации на духовни трагачи се поврзуваат со Шри Чинмој како свој внатрешен, духовен водач.

 

Нашиот животен стил

Според Шри Чинмој, духовноста не значи дека треба да се избега од светот. Луѓето истовремено можат да го прават својот најбрз духовен напредок, а да останат дел од општеството. Во повеќе од 350 градови во светот, членовите на Шри Чинмој Центрите организираат заеднички медитации, два пати во текот на неделата.

Медитација

Повеќе информации за учење на медитација, може да се добијат преку Страната за медитација »

Video
Видео: тивка медитација со Шри Чинмој

Суштината на активностите на Шри Чинмој Центрите е медитацијата – како индивидуална пракса и како споделено, заедничко искуство. Со медитацијата, духовноста престанува да биде суво, теоретско знаење и станува оживувачко искуство.

Шри Чинмој бараше од своите ученици да медитираат најмалку еднаш во текот на денот, наутро, но ако можат – и почесто.

Барам од моите ученици да одат длабоко внатре во себе и да медитираат на срцето, кое е дом на душата. Постепено тие учат како да комуницираат со душата и почнуваат да ги слушаат нејзините барања. Во тој момент тие го започнуваат својот вистински напредок кон откривањето на своето највисоко и најдлабоко Сопство.

Шри Чинмој 2

Покрај практикување медитација во тишина, со оглед на тоа што Шри Чинмој напиша илјадници песни, молитви и поеми, ние ги користиме истите во своите дневни, индивидуални медитации или пак и во заедничките, Центарски медитации. Кога Шри Чинмој беше со нас физички, имавме можност да го посетуваме во Њујорк или да бидеме со него за време на неговите патувања во светот и да учиме заедно со него преку медитациите во тишина. Имаме илјадници часови видеа од медитациите на Шри Чинмој и други негови активности, па преку нив и новите генерации духовни трагачи ќе можат да ја направат внатрешната врска со нашиот духовен учител.

Живот во рамнотежа

Video
Видео: Трка на себенадминување организирана во Њујорк, во април 2012г. Пред да почине, Шри Чинмој ќе дојдеше на овие трки, во сабота наутро и ќе кажеше нова молитва, за време на церемонијата на наградувањето.

Шри Чинмој исто така охрабруваше и други дневни рутини, со цел да се негува растот и развојот во единство на сите делови на нашето битие – како на пример читање духовни книги за нашиот ум и редовни физички вежби за нашето тело.

Многу Центри во светот имаат забавна трка на 2 милји еднаш неделно, вообичаено во сабота, која често е отворена за било кој тркач. Овие трки се нарекуваат Трки на себенадминување, со оглед на тоа што нивната цел не е толку натпревар со другите, туку добивање радост во сопственото предизвикување и подигнување на својот личен стандард. Добар број од учениците на Шри Чинмој се докажани спортисти во своето поле, натпреварувајќи се посебно во трки на ултра долги растојанија (трки поголеми од маратони), како и препливувања на големи растојанија (како Ла Манш на пример). • Повеќе за спортските активности на Шри Чинмој Центарот »

Музика

Шри Чинмој често ја нарекуваше музиката, второто најдобро нешто веднаш после медитацијата, поради нејзиниот универзален капацитет да го издигне срцето и да го однесе човекот на повисоко ниво на свест. Шри Чинмој за време на својот живот компонираше 23000 песни и помеѓу нив има некои кои ги користиме во нашите секојдневни медитации. Нашите Центарски медитации кои се одржуваат два пати неделно, исто така вклучуваат пеење, како и инструментални перформанси. Некои Центри имаат дополнително и вечерни пеења, за време на кои учат и пеат песни.

Шри Чинмој не’ охрабруваше да правиме и изведуваме аранжмани на неговите песни и да одржуваме отворени концерти за јавноста и постојат многу групи во светот кои ја изведуваат музиката на Шри Чинмој, во многу различни музички стилови. Повеќе за музичките активности на Шри Чинмој Центарот »

Искреност

Помеѓу работите кои Шри Чинмој ги бараше од своите ученици е и искреноста во пристапот кон Целта. Неговите ученици медитираат најмалку еднаш дневно и доаѓаат редовно на Центарските медитации два пати во неделата. Тој бараше од своите ученици да се воздржуваат од пушење, алкохол и дроги – со оглед на тоа што тие ги оштетуваат деловите од битието потребни за длабоки медитативни искуства. Тој исто така застапуваше живеење живот без емотивни турбуленции – со цел да се овозможи подобро да се види божественото во нас, но и во сите околу нас.
 

Радост

Шри Чинмој чувствуваше дека духовниот живот не треба да биде живот на аскетизам и придаваше голема вредност на живот исполнет со чиста радост и хумор. Ние често организираме собири за нашите членови, кои понекогаш се и од разни земји, за време на кои се комбинираат медитации, спорт, игри – духовни дружења, кои Шри Чинмој ги нарекуваше „Денови на радост“.

Радоста и хуморот се исто така составен дел и за време на меѓународните средби кои ги организираат учениците на Шри Чинмој од целиот свет, кога доаѓаат во Њујорк, во април и август, или пак и за време на Божиќните патувања, кои се организираат во различни делови во светот. Шри Чинмој често охрабруваше да изведуваме импровизирани претстави, кои некогаш беа на духовна тема, а некогаш беа хумористични приказни и сцени од секојдневниот живот – кои ги напишал Шри Чинмој низ годините. Повремено, тој исто ќе повикаше некои од своите ученици, да кажат виц или некоја смешна приказна, а и тој самиот имаше напишано неколку книги со хумор.

 

Често поставувани прашања

Како да знам дали овој пат е за мене?
Шри Чинмој го има дадено следниот совет, околу тоа како да одредите дали некој учител по медитација е вистински и дали тој учител е вистинскиот за вас:

Дури и почетник може лесно да препознае вистински Гуру. Ако почетник види некој како дава Мир, Светлина, Блаженство и Чистота преку неговите очи и преку неговата свест, тогаш тој може да биде сигурен дека се работи за вистински Учител. Но и покрај тоа што тој Учител е вистински, тоа не значи дека тој би бил Учителот на тој трагач.

Како може некој почетник или било кој човек да знае кој е неговиот Учител? Кога ќе видите некој Учител, ако одеднаш добиете внатрешна возбуда – тогаш ќе знаете дека тој е вашиот Учител. Кога детето после долга разделба ќе ја види својата мајка, тоа едноставно почнува да скока од радост. Исто така и мајката добива огромна радост кога ќе си го види своето чедо после долго време. Во духовниот живот е исто така.

Шри Чинмој 3

Како се станува член на Шри Чинмој Центарот?
Најлесен начин е да се започне со присуство на бесплатен курс за медитација или сличен настан во организација на Шри Чинмој Центарот. Нашите курсеви за медитација, концерти и други духовни настани се нудат на јавноста бесплатно – како наше служење, без никакви очекувања и обврски.

Со присуство и медитација неколку пати со нас, со разговори со нашите членови, треба да добиете чувство дали е тоа нешто што би сакале да го продолжите да го правите или не. Ако чувствувате афинитет кон нашиот духовен пат, ќе најдете начин како да откриете повеќе и да се придружите.

Повеќе информации можете да добиете и преку табот за Контакт.

Сакам да дознаам повеќе за Шри Чинмој, но не живеам во близината на Шри Чинмој Центар. Што можам да направам?
Добар почеток е да читате книги напишани од Шри Чинмој. Тоа ќе ви даде идеја за неговата философија. Можете да порачате некои книги... Дел од книгите се и достапни онлајн на сајтот (на англиски јазик) srichinmoy.org.  Исто така може да слушате музика или да гледате видеа на следните сајтови (на англиски јазик) Radio Sri Chinmoy и Sri Chinmoy TV.

Дали Шри Чинмој Центарот е религија?
Не.

Јас зборувам само за душата. Мојата философија е тоа дека душата е единствената реалност и дека во секој момент треба да ја слушаме нашата душа. Немам ниту еден збор кажано против некоја религија. Напротив, имам искажано најголема љубов, восхит и обожување за Исус, Буда, Шри Кришна и духовните учители поврзани со други религии. Зошто мојот пат да стане религија и да застане наспроти други религии? Моите пишувања многу, многу јасно покажуваат дека не сум човек кој директно или индиректно се обидел да воспостави нова религија.
Шри Чинмој 4

Почитта на Шри Чинмој кон големите духовни личности од сите религии – беше неограничена. Тој пишуваше многу за нивните животи и учења и напиша музика за многу нивни зборови. Тој исто така напиша и серија на претстави за многу духовни личности, меѓу кои најпознатите би биле „Синот“ (за животот на Исус) и „Сидарта станува Буда“. Многу од овие претстави, подготвени од неговите ученици, се споделени пред публики во целиот свет.

Дали Шри Чинмој Центарот се инволвира во политика?
Не. Ние не сме политичка организација и ги охрабруваме нашите членови да ја откриваат својата внатрешна, божествена реалност и да ја споделуваат со својата заедница преку медитации, концерти и други спортски и културни настани. Повеќе (на англиски јазик) »

Зошто многумина од членовите имаат невообичаени имиња?
Шри Чинмој на многу свои ученици им даде духовни имиња кои го отелотворуваат доминантниот квалитет на нивната душа. Тој чувствуваше дека секоја човечка душа е уникатна – со конкретна улога која треба да ја одигра за подобрување на светот и имињата ја отсликуваат таа уникатност. Имињата се во матичниот, Бенгали јазик или на санскрит – јазици кои се натопени со илјадници години духовност.

Некои од учениците на Шри Чинмој ги користат своите имиња само во контекст на нивните духовни активности, додека други – во сето нивно секојдневие. За учениците, користењето и слушањето на името на нивната душа е прекрасен потсетник за нивното внатрешно битие и улогата во нивниот живот. Шри Чинмој често ќе чекаше повеќе години пред да му даде име на некој свој ученик – иако тоа варираше од човек до човек.

Дали Шри Чинмој остави наследник по неговото заминување?
Внатрешната врска која учениците на Шри Чинмој ја имаат со својот учител е на ниво на нивната душа. Душата не се раѓа и не умира. Така што таа врска не е нешто што може да биде заменето со друга личност.

По заминувањето на Шри Чинмој, многу нови луѓе дојдоа во контакт со неговите учења и философија. Некои од нив, ја чувствуваат истата поврзаност и чувство на внатрешно водство, како и тие кои го чувствуваа тоа за време на неговиот живот.

Поради тоа, Шри Чинмој Центарот е многу активен во тоа неговите учења, неговите музички, креативни и спортски служења да бидат достапни секому – за да можат луѓето самите да ја искусат философијата на Шри Чинмој. Наша цел е да го одржуваме Шри Чинмој Центарот на исто ниво на мир, радост и служење, како во времето кога и Шри Чинмој беше со нас физички и да ги одржуваме високите духовни стандарди кои тој ги постави за нас.

Како е организиран Шри Чинмој Центарот?
Како и повеќето иницијативи кои произлегуваат од активноста на Шри Чинмој Центарот, така и самиот Центар е организиран на многу основни ниво. Во секој град каде што има Центар, Шри Чинмој ќе замолеше еден или двајца од членовите да ги организираат заедничките медитации два пати во неделата и да ги координираат активностите во тоа место. Како што Шри Чинмој никогаш не наплаќаше за неговото духовно водство во неговиот живот, така и нема членарина за да се виде член на Центарот. Тековните трошоци за секој индивидуален Центар вообичаено се решаваат со волонтерски донации, продажба на книги, проекти на собирање средства преку продажба на предмети поврзани со медитација...

 

Фотографии

Фотографија на Шри Чинмој: Пулак Вискарди. Фотографии во колажот на почетокот: Алакананда Лебедева, Менака Аит-Ујахиа, Ашиш Зубати и Пранлоба Калаган.