Музика и концерти

"Кога изведуваме душевна музика, веднаш сме пренесени на највисокото ниво на свест. Кога изведуваме музика – душевно, одиме високо, повисоко, највисоко. Секогаш кога се изведува душевна музика, добиваме инспирација и восхит. Музиката инстантно може да ни ја крене свеста."

Шри Чинмој 1

Video
Шри Чинмој зборува за моќта на музиката (на англиски јазик).

Шри Чинмој чувствуваше дека музиката е универзален јазик, со кој сите може да се поврзат. Тој не’ охрабруваше да пееме за време на нашите секојдневни медитации, да правиме аранжмани на неговите медитативни песни и да ги изведуваме бесплатно – преку концерти, насекаде во светот.

За време на својот живот, Шри Чинмој компонираше преку 22000 душевни песни и одржа скоро 800 концерти насекаде во светот. 

Прочитајте повеќе за концертите на Шри Чинмој (на англиски јазик) »

На оваа страна: 1. Музиката како форма на медитација 2. Музика за медитација – бесплатна за слушање и симнување
  3. Каде нудиме концерти?  

Музиката како форма на медитација

Шри Чинмој бараше од своите ученици да изведуваат музички и оркестарски перформанси на неговите песни како дел од медитации и често даваше детални упатства како да се добие максимумот од песните, од аспект на душевност и совршенство.

Тој често, спонтано компонираше песни и ги учеше своите ученици на традиционалниот, индиски начин – тој ги пееше, а потоа слушаше како неговите ученици пеат после него. Пеењето е важен дел од нашите секојдневни медитации, како и нашите групни медитации, кои ги одржуваме два пати во неделата.

Многу Шри Чинмoј Центри, насекаде во светот, организираат концерти на медитативна музика во многу различни формати – од инструментални дуети до големи оркестарски перформанси. Овие концерти секогаш се бесплатни.

Шри Чинмој го даде следниот совет за слушање на музика:

Ајде да не се обидуваме да ја разбереме музиката со нашиот ум. Да не се обидуваме ниту да ја почувствуваме со нашето срце. Ајде едноставно и спонтано да и’ дозволиме на птицата на музиката, да лета во небото – нашето срце. Додека лета, таа безрезервно ќе ни открие што има и што таа е. Тоа што го има е пораката на Бесмртноста, а тоа што е е преминот на Вечноста.

Шри Чинмој 1

Музика за медитација – бесплатна за симнување

Забелешка: линковите „Повеќе“, кои ќе ги најдете подолу, ќе Ве носат на сајтот Радио Шри Чинмој, каде има голема колекција на медитативна музика на Шри Чинмој и неговите ученици – бесплатна за слушање и симнување.

Песни и музика на Шри Чинмој

flute.jpg

Флејта: Популарен придружник за медитација. Повеќе »

Есраџ: Овој северно-индиски инструмент, му беше омилен на Шри Чинмој. Повеќе »

Аранжмани на ученици на Шри Чинмој

Снимки на дел од најпопуларните групи кои даваат концерти насекаде во светот

Shindhu
Женска меѓународна група. Повеќе »

Ananda
В. Британија и Ирска - Повеќе »

Agnikana's Group
Од Чешка & и Словачка. Повеќе »

Mountain-Silence
Швајцарија

Arthada and Friends
Австрија

Blue Flower
Србија. Повеќе »

Каде нудиме концерти?

Songs of the Soul

songs of soulВо април 2008 година, започна да се организира серија на концерти насловени Песни на душата (Songs of the Soul) – како оддавање почит на музичкиот тестамент на Шри Чинмој. Овие концерти вклучуваат широк спектар на перформанси – како на западен, така и на источен стил, а повремено вклучуваат и гостувања на разни музичари.  Погледнете повеќе на сајтот (на англиски јазик) songsofthesoul.com...

 

Линкови до други сајтови (на англиски јазик):

  • Radio Sri Chinmoy : Слушајте медитативна музика од Шри Чинмој, како и на групи кои изведуваат негова музика
  • Sri Chinmoy Songs : Онлајн база со преку 10000 песни на Шри Чинмој, со вклучени текстови, како и ноти
  • Music Groups Групи формирани од Шри Чинмој Центарот, на Радио Шри Чинмој
  • Songs of the Soul - Концерти во изведба на членови на Шри Чинмој Центарот

Повеќе за музиката (на англиски јазик) – на сајтот srichinmoycentre.org:

 

  • 1. a. b. Од книгата на Шри Чинмој, God the Supreme Musician, Agni Press, 1976