ШРИ ЧИНМОЈ ЦЕНТАР

Духовност за светот денес

Нашиот пат е патот на срцето, како што на тоа не' учеше Шри Чинмој - за најбрз духовен напредок.

Духовност за светот денес: Нашиот пат е патот на срцето, како што на тоа не' учеше Шри Чинмој - за најбрз духовен напредок.
Која е функцијата на Шри Чинмој Центарот?
  • Прво: ги поддржува своите членови во нивниот духовен напредок, нудејќи им средина и активности, погодни за длабок и богат внатрешен живот.
  • Второ: и’ служи на пошироката јавност, организирајќи бесплатни предавања и курсеви за медитација, концерти на медитативна музика, спортски активности како трки, триатлони и други активности. Повеќе »
  • Контактирајте не' за информација околу бесплатните предавања и курсеви за медитација. Повеќе »
Кој е Шри Чинмој?
  • Шри Чинмој е Богореализиран или просветлен духовен учител, кој вели: Вистинскиот учител е Бог. Човечкиот духовен учител е како постар брат, кој на своите помлади браќа и сестри им го покажува патот, по кој тој самиот одел.
  • Ние медитираме и практикуваме духовен живот, водејќи се според неговата философија, која во себе ги спојува најдоброто од источната грациозност и елегантност и западниот динамизам. Повеќе »
Како се станува член на Центарот?
  • Ние сме еден од многуте духовни патишта. За да стигне до највисоката цел во медитацијата, просветлувањето или Богореализацијата, секој искрен духовен трагач треба да го најде својот пат – и да се држи до него. Патот на Шри Чинмој можеби е соодветен за Вас, но исто така можеби и не.
  • За да му се придружите на Центарот, треба да чувствувате длабоко во Вашето срце - врска со овој начин на медитација и духовна пракса. Повеќе »