Спорт и себенадминување
Себенадминувањето ни носи радост во огромна мера. Кога се надминуваме себе, не се натпреваруваме со другите. Не се натпреваруваме со остатокот од светот, туку во секој момент се натпреваруваме со самите себе. Се натпреваруваме со нашите претходни достигнувања. И секогаш кога ќе ги надминеме нашите претходни достигнувања, добиваме радост.
Шри Чинмој 1
Во философијата на Шри Чинмој, спортот и духовноста одат рака под рака. Тој особено го сакаше трчањето и често го споредуваше внатрешното патување кон себе-откривањето, со учество во трка. Тој чувствуваше дека спортот го одржува телото фит и здраво, а тоа е важно, со цел да се има ефективна медитација, но исто така и им дава можност на луѓето да добијат радост со надминување на своите капацитети.
Шри Чинмој и неговите ученици се обидуваат секојдневно да ги надминат своите претходни капацитети, со надеж и дека ќе ги инспирираат тие кои ќе слушнат за нив – да истраат во реализирање и на своите соништа во животот.
Инспирацијата е многу важна. Ако јас инспирирам некого или пак и ако некој ме инспирира мене, тогаш ќе можеме и двајцата да постигнеме многу добри работи за подобрување на човештвото.
Шри Чинмој
Спортски достигнувања на ученици на Шри Чинмој
Инспирирани од „никогаш не се откажувај“ философијата на Шри Чинмој и надминувањето на човечките ограничувања, голем број на ученици на Шри Чинмој имаат учествувано во разни „ендуренс“ дисциплини, како трчање на ултра долги растојанија, препливување на големи растојанија и триатлони. Ви претставуваме дел од позначајните достигнувања на ученици на Шри Чинмој од разни делови на светот:
Ашрита Фурман
Гинисови светски рекорди.
Во 1979 година, Ашрита од Њујрок, го постигна својот прв Гинисов Светски рекорд – за најголем број на „џампинг џек“ скокови, во континуитет. Од тој момент до денес, тој го држи рекордот за најголем број на Гинисови светски рекорди (во различни дисциплини како жонглирање, скокање со пого, користење хулахоп, балансирање предмети...) – во 2017 година тој држеше 200 рекорди (имаше надминато 600). Повеќе на неговиот сајт (на англиски јазик) ashrita.com »
Вашанти Нимц
Препливувач на Ла Манш.
Вашанти е прва од членовите на Шри Чинмој Маратон тимот, која го преплива каналот Ла Манш, во 1985 година. Во 2010 година, 25 години подоцна, таа повторно го преплива каналот, комплетирајќи при тоа уникатен триатлон од Довер до Ахен, Германија. Од 1985 година, каналот има преку 45 препливувања од членови на Шри Чинмој Маратон тимот. Повеќе: За препливувањата на сајтот Sri Chinmoy Races (на англиски јазик)
Шупраба Бекјорд
13-кратен финишер на Трката на 3100 милји.
Шупраба е од Вашингтон и е една од најактивните ултра тркачи во светот. Долги години, таа беше единствената жена која ја има финиширано Трката на 3100 милји, со 13 финиширања од 1997 до 2009 година.
Дипали Канингем
Светски рекордер на ултра трка на 6 дена.
Дипали е од Австралија и во континуитет е една од најдобрите жени – ултра тркачи во светот. Таа го држи рекордот на ултра трки на 6 дена веќе 11 години. Во 2009 година, го надмина својот сопствен рекорд, надминувајќи 825 километри – на своја 53-годишна возраст.
Шамунати Наталија Лехонкова
Маратонка.
Шамунати ја претставуваше Украина на Олимпијадата во 2016 година. Таа има победено на неколку европски маратони, како Тулуз, Единбург и Белфаст, со личен рекорд од 2:28 во Даблин. Таа често настапува и на Трката за мир на Шри Чинмој.
Теџван Петингер
Ридски државен првак на В. Британија во 2013 година.
Теџван настапува за Шри Чинмој Сајклинг тимот во В. Британија и има победено на повеќе тамошни трки. Во 2013 година стана државен ридски првак, а во 2014 го освои третото место на државниот хронометар на 160км.
Повеќе инфо на неговата страна (на англиски јазик) на Sri Chinmoy Centre
Картик Кларк
Препливувач на Ла Манш.
Картик е од Шкотска и е многу активен во препливувањето на каналот: до сега со 11 препливувања.
Погледнете: приказни за себенадминувања
Приказни за себенадминувања на членови на Шри Чинмој Центарот.
На англиски јазик: ултра трчања, препливувања и триатлони.
Шри Чинмој Маратон Тим
Под инспирација на философијата на себенадминување, во 1977 година, беше оформен Шри Чинмој Маратон Тимот – со цел да биде во служба на трчачката заедница. Започна со организација на локални трки во Њујорк, но прерасна во најголемиот организатор на ендуренс настани во светот, организирајќи трки во трчање, триатлони и слично – во повеќе од 20 земји во светот.
- Self Transcendence Six and Ten Day Race Две повеќедневни трки кои се трчаат симултано, во Флешинг Медоу Корона паркот во Њујорк. Ова е еден од најважните повеќедневни настани во календарот на американската ултра-трчачка заедница. (видео десно) 2
- Zurichsee Lake Swim Екстремно популарно пливање со должина од 26 километри на Циришкото Езеро. Многу препливувачи на Ла Манш го користат како дел од своите подготовки.
- Sri Chinmoy Triple-Triathlon: Три „оф-роад“ триатлони, еден по друг, кои ги носат искусните спортисти насекаде низ Канбера, во Австралија.
Во 1996 година, Шри Чинмој Маратон тимот го организираше првото издание на Трката на себенадминување на 3100 милји, која е најдолгата сертифицирана трка во светот. Таа се одржува секоја година, во периодот јуни до август, во Квинс, Њујорк. Официјалната страна содржи многу актуелни информации, како и филмот Духот на тркачот, најцелосниот документарец за оваа трка. Посетете ја официјалната страна (на англиски јазик) »
Во раните години, Шри Чинмој често учествуваше во трките кои ги организираше тимот и неговото учество во маратоните и ултра маратоните, ги инспирираше членовите на тимот и самите да постигнуваат повисоки и посмели спортски цели. Во подоцнежните години, тој влезе во полето на кревање тегови, па и таму постигна неверојатни резултати на внатрешна и надворешна сила – и во своите 70ти години. Повеќе (на англиски јазик) »
Спорт за мир
Шри Чинмој исто така го увиде и потенцијалот на спортот, да ги зближува луѓето во постигнување заедничка цел. Тој ги обожаваше Олимписките игри – поради нивниот капацитет да се издигнат над сите разлики кои прават дисхармонија во човештвото:
Олимиписките игри се издигнуваат над сите човечки-создадени разлики. Тие се бескрајно поголеми од трка. Тие се бескрајно посветли од боја. Тие се бескрајно подобри од религија. Тие не само што се постојано едно со гладот за еволуција на тежнеечкиот човечки род, туку тие се и храна на задоволството и негување на совршенството на човештвото. 3
Во 1987 година, Шри Чинмој ја започна Трката за мир на Домот на единство – најголемата штафетна трка во светот за мир. Трката има за цел да прави мостови на пријателство и разбирање помеѓу луѓето од разни земји и култури и да покаже дека најважните работи во животот се работите кои ни се заеднички.
Линкови за Шри Чинмој Маратон тимот (на англиски јазик)
- SCMT home: Глобална, официјална страна на Шри Чинмој Маратон тимот, со најава за трки, резултати и новости и видеа од светот
- The 3100 Mile Self Transcendence Race - Најнови вести и информации за најголемата трка во светот
- SCMT English Channel Swimming - Список на сите досегашни препливувања
- SCMT Mountaineering - галерии и качувачки искуства на дел од членовите на маратон тимот
Поврзани линкови (на англиски јазик)
- Sri Chinmoy : Краток опис на негови лични спортски достигнувања
- Шри Чинмој одговара на прашања за врската помеѓу спортот и медитацијата
- Inspiration Letters - Издание посветено на екстремни спортови
- 1. Од книгата The Vision-Sky of California, Agni Press, 1980.
- 2. Извор на видео: Sri Chinmoy TV
- 3. Од книгата The Outer Running And The Inner Running, Agni Press, 1974.