Нашиот пат

Tекстот е извадок од говор на Шри Чинмој...

Нашиот пат во основа е патот на срцето, а не патот на умот. Ова не значи дека го критикуваме патот на умот. Далеку од тоа. Ние само чувствуваме дека патот на срцето не води побрзо кон нашата цел. Да претпоставиме дека сакам да одам на место 500 км далеку одовде. Можам да стигнам таму било со одење или со летање. Безсомнение, ќе ја достигнам мојата дестинација далеку побрзо ако летам со авион.

Слично на тоа, ако го користиме тежнеечкото срце, а не сомничавиот ум, ќе ја достигнеме нашата цел далеку побрзо. Срцето е љубов. Умот многу често е сиот збунетост. Кога велиме "срцето", ние мислиме на духовното срце што е преплавено со божествена љубов. 

Срцето е од особена важност бидејќи во него е живото присуство на душата. Вистина е дека свеста на душата го обзема целото тело, но таа најчесто преовладува во срцето. Душата има сé: мир, светлина и блаженство во неизмерни количини. Ние ги добиваме овие квалитети во срцето директно од душата и од срцето можеме да ги донесеме во умот, виталот и физичкото.

Бог е крајно едноставен. Ние сме тие што мислиме дека Тој е комплициран. Бог го зборува наједноставниот јазик, само ние не го разбираме. Наполно сме глуви. Сме биле глуви со милениуми. Кутриот Бог, ни зборува постојано и неуморно, но ние немаме време да го слушаме.

Нашиот пат е патот на едноставноста. Детето е едноставно. Тоа ја сака мајка си. Не мора да сака никој друг. Ако мајка му го замоли да направи нешто, тоа ја слуша. Детето е толку едноставно што се обидува да направи сé за да ја задоволи мајка си, а во неговиот труд за да ја задоволи мајка си тоа ја прави вистинската работа и ја достигнува својата највисока цел.

Во обичниот живот ако некој сака одредена личност, тогаш повеќето од времето го поминува со таа одредена личност. И го посветува своето драгоцено време нејзе. Ако е вистинска човечка љубов, не божествена туку човечка љубов, тогаш тој понекогаш се предава кон емоциите на другата личност дури и ако тоа е глупост. Тој се предава бидејќи двајцата си ветиле внатрешна и надворешна врзаност врз основа на нивната љубов. Така, ако некој сака некоја личност, тогаш тој е подготвен дури и да ја жртвува својата драгоцена мудрост.

Во духовниот живот е апсолутно различно. Божествената љубов никогаш не нé ограничува. Во спротивно, нé проширува и нé ослободува. Кога гледаме и чуваствуваме дека сме се ослободиле, внатрешно чувствуваме обврска да направиме нешто за нашиот Внатрешен Пилот. Како можеме да останеме должни кон Едниот што ни даде сé, што ни ја донесе пораката на божествена љубов и сомилост? Ќе биде ли возможно за нас да не му понудиме нешто за возврат? Ако останеме во надворешниот свет, ние само се обидуваме да грабнеме и поседуваме сé, дури и тоа што им припаѓа на другите. Но ако живееме во душата, постојано се обидуваме да му даваме сé што имаме и сé што сме на Внатрешниот Пилот. Божествена љубов значи себедавање.