Медитација

Како да го започнете, одржувате и подобрите Вашето практикување на медитација, според пишувањата на духовниот учител Шри Чинмој.

Исто така нудиме:

  • Бесплатни курсеви за медитација се организираат во 350 градови во светот. Тоа од 1990тата година го прави и Шри Чинмој Центарот во Скопје, организирајќи такви курсеви – неколку пати во текот на годината. Доживејте ја моќта и убавината на медитацијата преку некое од нашите следни воведни предавања и курсеви. Пријавете се за бесплатен курс »
  • Водич за медитација во домашни услови структуриран курс во четири чекори, дизајниран од учениците на Шри Чинмој - на англиски јазик. повеќе »
 

1. Започнување со медитација

- извадоци од текстови на Шри Чинмој 1

Што се случува за време на медитација?

Video
Видео (на англиски јазик): Шри Чинмој одговара на прашањето 'Што е медитација?' за време на интервју, а потоа следува видео и како Шри Чинмој медитира. Дел од серијата на подкастот 'Meditation-Silence' .

Кога медитираме, го втишуваме и смируваме умот—ги спречуваме сите мисли. Во тој момент, мора да бидеме целосно свесни од напливот на мисли и не смееме да дозволиме никаква мисла да влезе во нашиот ум. Умот мора да биде испразнет и смирен – без ниту добри, ниту лоши мисли. Нашето цело постоење станува еден вид празен сад. Кога тоа е целосно празно, со целото наше внатрешно битие повикуваме бескраен мир, светлина и блаженство – да влезат и да не’ исполнат. Тоа е медитација.

Медитацијата е како одење до дното на морето, каде се’ е тивко и мирно. На површината можеби ќе има мноштво бранови, но морето долу – не е под нивно влијание. Во своите најдлабоки длабочини, морето е само тишина. Кога започнуваме да медитираме, на почетокот се обидуваме да дојдеме до нашето внатрешно постоење, до нашето вистинско постоење. Да речеме – сакаме да дојдеме до дното на морето. И тогаш, кога ќе почнат да надоаѓаат брановите од надворешниот свет, нема да ни влијаат. Стравот, сомнежот, грижите и други вакви световни превирања, едноставно ќе бидат однесени, затоа што внатре во нас ќе има цврст мир. Мислите нема да ни посметуваат, затоа што нашиот ум ќе биде целосно во мир и целосно тивок. Како рибите во морето: тие скокаат и пливаат, но не оставаат трага зад себе. Кога сме во нашата највисока медитација, чувствуваме како да сме морето, па животните во морето не можат да ни посметаат. Чувствуваме како да сме небото, па птиците кои пролетуваат, не можат да ни посметаат. Нашиот ум е небото, а нашето срце е бескрајното море. Ова е медитација.

Вистинското внатрешно задоволство е само-создадено
Не зависи од надворешни фактори
Река тече во и низ Вас и носи порака на задоволство.
Ова божествено задоволство е единствена цел во животот. 2

Шри Чинмој

Какви придобивки добиваме од медитација?

Секој сака да биде исполнет и секој сака радост. Без радост не можеме да останеме на земјата. И покрај тоа што е мултимилионер, богатиот човек не е среќен затоа што парите не му носат задоволство или радост. Без радост, тој останува несреќен. Зошто сакаме да сме среќни? Затоа што сакаме исполнетост.

Медитацијата ни нуди две работи: себе-владеење и себе-трансформација. Овие две работи одат заедно. Кога медитираме, веднаш го започнуваме процесот на себе-владеење, а кога ќе имаме себе-владеење, веднаш согледуваме дека не можеме да негуваме валкани и небожествени мисли – дека не можеме повеќе да останеме во незнаењето.

Ако сакаме барем малку вистински мир, вистинско задоволство и вистинска љубов, тогаш мораме да медитираме. Таканаречениот мир кој го чувствуваме во нашето секојдневие, всушност е само пет минути мир во десет часа немир, грижи и фрустрации... Божествен мир добиваме преку медитација. Дури и да медитираме петнаесет минути и да добиеме мир само една минута, таа една минута мир, ако е вистински мир – ќе не’ одржува во текот на целиот ден. Ако наутро медитираме во шест часот, вечерта сеуште ќе го чувствуваме тој внатрешен мир, внатрешно задоволство и внатрешна светлина. 3

Колку често и колку долго треба да медитирам?

orchidcandles.gif

Кога се следи духовен живот, треба да се медитира најмалку еднаш во денот. Најдобро е да се медитира рано наутро, кога атмосферата е тивка и мирна.

На почетокот не ни треба да се мисли на медитацијата. Само обидете се да си резервирате одредено време во денот, кога ќе се обидете да бидете смирени и тивки и чувствувајте како овие пет минути му припаѓаат на Вашето внатрешно битие и на никој друг. Тоа што е потребно е редовно практикување во одреден период од денот.
 

Креирање на соодветен простор

Кога медитирате дома, определете дел од Вашата соба, кој ќе можете да го направите апсолутно чист – свето место, кое ќе биде посветено само за медитација. За Вашите дневни медитации, најдобро е да медитирате сами. Пред да започнете со медитацијата, се препорачува туширање, како и облекување на чиста и лесна облека.

Исто така ќе помогне и ако запалите миризливо стапче или свеќа, како и ако поставите некое цвеќе пред себе. Надворешниот свет ќе Ве потсети на цветот внатре во Вашето срце. Кога ќе го помирисате миризливото стапче, ќе добиете инспирација и прочистување и ќе ги додадете на Вашето внатрешно богатство. Кога ќе го погледнете надворешниот пламен, веднаш ќе почувствувате како Вашиот внатрешен пламен се издигнува високо, повисоко, највисоко...

Аудио (на англиски јазик): Инвокација на мир – Шри Чинмој пее стара Санскрит молитва за мир, а претходно го преведува нејзиното значење на англиски јазик. По тоа следува повторување на мантрата за мир Шанти, како и песна на Шри Чинмој на англиски јазик, посветена на мирот.. 4

Започнете со концентрација

Ако сте почетник, подобро е да се започне со концентрација. Во спротивно, во моментот кога ќе се обидете да го смирите и испразните Вашиот ум, одеднаш ќе надојдат милиони мисли и нема да можете да медитирате ниту една секунда. Ако се концентрирате, во тој момент ги предизвикувате погрешните мисли кои се обидуваат да влезат во Вас. Така, на почетокот само вежбајте концентрација на по неколку минути. Потоа, по неколку недели или неколку месеци, можете да се обидете да медитирате.

Ако сакате да ја развиете моќта на концентрацијата, можете да се обидете да ја направите оваа вежба: Прво измијте ги со студена вода Вашето лице и очи. Потоа нацртајте црна точка на ѕидот на висина на очите. Застанете и гледајте во таа точка, на растојание од околу триесетина сантиметри – концентрирајте се на неа. По неколку минути, обидете се да почувствувате дека кога вдишувате, Вашиот здив всушност доаѓа од таа точка, но и како таа точка да вдишува од Вас, кога издишувате. Обидете се да почувствувате како да има две личности: Вие и црната точка. Вашиот здив доаѓа од точката, а нејзиниот здив – од Вас.

Video

Како треба да се седи за време на медитација?

Независно како седите за време на медитацијата, најважно е да го држите ‘рбетот исправен.

Кога се медитира, важно е да се држи ‘рбетот прав и исправен, а телото да биде релаксирано. Ќе увидите како Вашето внатрешно битие всушност спонтано ќе Ве постави во комфорна позиција. Ваше ќе биде само да ја одржувате. Некои трагачи сакаат да медитираат лежејќи, но ова не се препорачува. Може да влезете во светот на сонот или во еден тип на внатрешно заспивање.

Исто така, лотус позицијата, која е напредна позиција во јога – не е неопходна за правилна медитација. Многу луѓе медитираат многу добро, додека седат на столче.

Секој ден
Треба да се учи само едно нешто:
како да се биде искрено среќен.

Правилно дишење

Правилното дишење е многу важно во медитацијата. Кога дишете, обидете се да вдишувате колку што можете побавно и потивко. Замислете како кога би бил поставен тенок конец пред Вас – не би се поместувал. Исто така, обидете се да издишувате што побавно. Ако можете, направете мала пауза помеѓу крајот на издишувањето и почетокот на вдишувањето. Ако можете, задржете го здивот на неколку секунди. Но, ако тоа претставува проблем, не го правете. Никогаш не правете нешто што ќе му штети на Вашето тело, органите и респираторниот систем.

Шри Чинмој медитира за време на патување со брод по реката Замбези, 1996г. Фото: Шарама Миноли

Медитација на срцето

Ако медитирате на срцето, медитирате на местото каде што е Вашата душа. Вистина е дека светлината и свеста на душата го обземаат целото тело, но постои конкретно место каде што најчесто седи Вашата душа, а тоа е Вашето срце. Ако сакате просветлување, тоа се добива од душата, а таа е во срцето. Кога знаете што сакате и каде тоа нешто можете да го најдете, следна логична работа е да отидете до тоа место. Во спротивно, тоа би било како да сакате да си купите зеленчук во продавница за алат.

Има голема разлика помеѓу тоа што го добивате од Вашиот ум и тоа што го добивате од срцето. Умот е ограничен, а срцето е неограничено. Длабоко внатре во Вас, има бескраен мир, светлина и блаженство. Лесно е да ги добиете во ограничена количина. Тоа ќе Ви го овозможи медитацијата на умот. Но, можете да добиете бескрајно повеќе со медитација на срцето.

Најмногу што можете да добиете од умот е инспирација, но и таа ќе биде ограничена. За вистинска инспирација треба да одите во Вашето срце. Тежнението доаѓа од срцето, затоа што таму секогаш е просветлувањето на душата. Кога медитирате на срцето, не само што добивате тежнение, туку добивате и исполнување на тоа тежнение: бескрајниот мир, светлина и блаженство на душата.

Ако сакате да го видите Божјото лице,
тогаш мора секојдневно да поминувате време со неговиот одбран инструмент:
Вашето срце.

Како ќе знам дали медитирам добро?

Ако медитирате добро, ќе добиете спонтана внатрешна радост. Никој не Ви соопштил некоја добра вест, никој не Ви донел некаков подарок, никој не Ви се восхитувал или изразил почит – никој ништо не направил кон Вас, но сепак ќе имате внатрешно чувство на задоволство. Ако тоа се случи, тогаш ќе знаете дека медитирате правилно.

Шри Чинмој нацрта милиони вакви 'Птици на Душата', кои ја претставуваат слободата на човечката душа.

Има и уште еден начин како ќе знаете. Ако навистина влегувате во повисоко ниво, ќе имате чувство како телото да Ви станува полесно. Иако немате крилја, ќе имате чувство како да можете да летате. Всушност, кога ќе стигнете до многу високи светови, ќе гледате како има птица внатре во Вас, која може да лета како што може да летаат вистинските птици.

Ако имате добро чувство кон светот, ако гледате кон светот со љубов и покрај сите негови несовршености, тогаш ќе знаете дека Вашата медитација била добра. Исто така и ако имате чувство на динамизам веднаш по медитацијата, ако имате чувство дека сте дојдени во светот за да направите нешто и да постанете нешто – да растете во самата Божја претстава и да станете Негов посветен инструмент – тоа исто така е добра индикација дека сте имале добра медитација. Но, најлесен начин како да знаете дали сте имале добра медитација е да почувствувате дали мирот, светлината, љубовта и задоволството дошле на површината од длабоко внатре во Вас...    • Read full excerpt »

 

2. Вежби за медитација

- извадоци од текстови на Шри Чинмој

Вежби за дишење

Со секое вдишување, обидете се да почувствувате како во Вашето тело вдишувате бескраен мир. Кога издишувате , обидете се да почувствувате како го исфрлате немирот кој се наоѓа во и околу Вас.

По повторувањето на оваа вежба неколку пати, обидете се да почувствувате како вдишувате моќ од Универзумот. Кога издишувате, почувствувајте како стравот го напушта Вашето тело. По повторувањето на оваа вежба неколку пати, обидете се почувствувате дека вдишувате бескрајно задоволство, а издишувате тага, мачење и депресија.

Video

Можете да се обидете и со уште нешто. Почувствувајте како тоа што го вдишувате не е воздух, туку космичка енергија. Почувствувајте дека нема ниту едно мало делче од Вашето тело кое не е исполнето со оваа космичка енергија. Таа тече низ Вас како река, го измива и прочистува целото Вашето битие. Потоа, кога почнувате да издишувате, почувствувајте како ја издишувате цела нечистотија која се наоѓа внатре во Вас – сите небожествени мисли, нејасни идеи и нечисти дела.

Video

Вежба за визуелизација: небесна широчина

Држете ги очите полу отворени и замислете широко небо. На почетокот обидете се да почувствувате како небото е пред Вас, а потоа обидете се да почувствувате како Вие самите сте широки колку небото, а и дека и Вие самите сте небото.

По неколку минути, Ве молам затворете ги очите и обидете се да видите и почувствувате како небото е внатре во Вашето срце. Ве молам почувствувајте дека Вие сте универзалното срце и дека внатре во Вас се наоѓа небото на кое медитиравте и со кое се идентификувавте. Вашето духовно срце е бескрајно пошироко од небото и можете многу лесно да го примите небото внатре во Вас.

Video

Вежба за визуелизација: цвет во срцето

Video

Замислете цвет во Вашето срце. Да претпоставиме дека претпочитате тоа да е роза. Замислете како таа не е целосно расцветана. Сеуште е затворена. По кратка медитација од две до три минути, Ве молам замислете како лист по лист, розата расцветува. Погледнете и почувствувајте како цветот, лист по лист се отвара во Вашето срце. Потоа, по пет минути, почувствувајте како срцето не постои повеќе – туку внатре во Вас има само цвет таму каде што беше срцето. Немате срце, туку само цвет. Цветот станал Ваше срце, а срцето станало цвет.

 

rose.jpgПо седум или осум минути, Ве молам почувствувајте како ова срце-цвет го исполнило целото Ваше тело. Вашето тело повеќе не е таму: од главата до стапалата го чувствувате мирисот на розата. Ако погледнете кон стапалата, веднаш го искусувате мирисот на розата. Ако погледнете кон коленото, го искусувате мирисот на розата. Ако погледнете кон раката, го искусувате мирисот на розата. Вашето цело тело, целосно е обземено од убавината, мирисот и чистотата на розата. Кога ќе почувствувате дека од главата до стапалата се станале само убавина, мирис и чистота на роза, тогаш сте подготвени да застанете пред Стапалата на Севишниот.

Станете душата

Video

Со цел да се прочисти умот, најдобро нешто што може да се прави секој ден е на неколку минути за време на медитацијата, да почувствувате како да немате ум. Кажете си: „Немам ум. Немам ум. Тоа што имам – е срцето.“ Потоа после некое време почувствувајте: „Немам срце. Тоа што имам – е душата.“ Кога ќе кажете „Имам душа“, во тој момент ќе бидете преплавени со чистота. Потоа треба да отидете уште подлабоко и подалеку и не само да останете на тоа „Имам душа“, туку и да кажете „Јас сум душа.“ Во тој момент, замислете го најубавото мало дете кое некогаш сте го виделе и почувствувајте како Вашата душа е бескрајно поубава од тоа дете.

Во моментот кога ќе можете да кажете и почувствувате „Јас сум душа“ и ќе медитирате на оваа вистина, бескрајната чистота на Вашата душа ќе влезе во Вашето срце. Потоа, од срцето, бескрајната чистота ќе влезе во Вашиот ум. Кога навистина ќе почувствувате дека Вие сте само душа, душата ќе го прочисти умот.

Медитација со музика

Медитацијата и музиката не можат да се одвојат. Кога плачеме од најдлабоките длабочини на нашето срце за мир, светлина и блаженство, тоа е најдобар вид на медитација. Веднаш до медитацијата е музиката, душевната музика – музика која ја размешува и воздигнува нашата тежнеечка свест.

Video
Видео: Шри Чинмој медитира, а потоа свири на флејта за време на концертот во 1991 година на Малта. Музиката на флејта на Шри Чинмој е особено пријатен придружник за тие кои почнуваат да практикуваат медитација.

Најдобар начин како да се стане едно со душевната музика е да се има цврсто внатрешно убедување дека кога вдишувате – тоа што го вдишувате веднаш влегува во Вашата душа. И треба да чувствувате дека со секое вдишување внесувате Универзална Свесност, божествена Реалност и божествена Вистина. Потоа, кога издишувате, обидете се да почувствувате дека го издишувате незнаењето кое ја прекрива Вашата душа. Почувствувајте како го подигнувате и исфрлате превезот на незнаењето. Ако можете свесно да го замислите и почувствувате тоа, тоа е најдобар начин како да се стане едно со душевната музика.

Ајде да не се обидуваме да ја разбереме музиката со нашиот ум.
Да не се обидуваме да ја разбереме ниту со нашето срце.
Ајде едноставно и спонтано да дозволиме птицата на музиката да лета во небото на нашето срце.
Додека лета, безусловно ќе ни открие што таа има и што таа е.
Тоа што таа има е пораката на Бесмртноста.
Тоа што таа е – е преминот на Вечноста.

Зголемување на внатрешниот капацитет преку благодарност

0715_41.jpgРецептивноста е капацитет да се апсорбираат и задржат божествените дарови со кои не опсипува Севишниот за време на медитацијата. Ако сакате да бидете рецептивни, кога седнувате да медитирате, свесно обидете се да внесете светлина во Вашето битие. Кога ќе внесете светлина внатре, насочете ја кон вистинското место – духовното срце. Потоа обидете се да растете во таа светлина.

Најлесен и најефикасен начин како да ја зголемите рецептивноста, е да ја нудите Вашата најголема благодарност кон Севишниот – секој ден, пред да почнете со медитацијата. Кога нудиме благодарност кон Бог, Вашиот внатрешен сад веднаш станува поголем. Тогаш Бог може да истури и повеќе од Неговите благослови, но и да навлезе поцелосно во Вас, со Неговото сопствено божествено Постоење. Бог е бескраен, но може да влезе во нас, само согласно нашата рецептивност. Бог е како Сончевата светлина. Ако ги тргнам завесите, светлината ќе влезе. Ако ги држам затворени завесите, таа не може да влезе. Колку повеќе завеси ќе тргнеме, толку повеќе Бог ќе влезе во нас со бескрајна светлина. Кога ќе понудиме благодарност, Божјата светлина веднаш почнува силно да влегува во нашето битие.

Благодарност значи нудење на самите себе на нашето највисоко во нас. Вашата благодарност не оди кон некој друг. Таа оди кон Вашето највисоко. Благодарноста помага да се идентификувате и да почувствувате единство со Вашата сопствена највисока реалност.

Убавината дојде кај мене како утринска роза.
Должноста дојде кај мене како утринско сонце.
Божественоста дојде кај мене како утринско тежнение.

Моќта на мантрата

Мантрата е инкантација. Таа може да биде слог, збор, неколку збора или реченица. Кога се повторува некоја мантра неколку пати, тоа се нарекува џапа. Мантрата претставува некој конкретен аспект на Бог и секоја мантра има специјално значење и внатрешна моќ.

Ако не можете да влезете во Вашата најдлабока медитација, бидејќи Вашиот ум е немирен, тоа е можност да искористите некоја мантра. Можете да повторувате „Севишен“, „Ом“ или „Бог“ неколку минути.

Ако сакате да постигнете општо прочистување на Вашата природа, џапа може да биде најефективна ако се прави систематски и чекор по чекор. Првиот ден повторувајте „Ом“ или „Севишен“ или било која друга мантра која Ви била препорачана од Вашиот Учител - петстотини пати. Следниот ден повторувајте ја шестотини пати, денот потоа седумстотини пати и така натаму, се’ додека не стигнете до илјада и двестотини пати до крајот на првата недела. Потоа почнете со намалување секој ден, се’ додека не стигнете до петстотини пати повторно. На овој начин ќе се качувате и симнувате од дрвото.

Честопати, кога ќе се заврши со џапата, ќе слушнете како мантрата се повторува внатре во Вашето срце. Вашата уста не изговара ништо, но внатрешното битие почнало спонтано да ја повторува мантрата.

Шри Чинмој повторува мантра „Ом“, а потоа „Мир“ за време на Концерт за мир во Албени, Њу Јорк, во 1992 година.5

3. Да се остане инспириран

- извадоци од текстови на Шри Чинмој

Добивање инспирација преку читање

Ако сте апсолутен почетник, можете да започнете со читање на духовни книги или текстови. Тие ќе Ви дадат инспирација. Треба да читате книги од Учители во кои имате голема доверба. Постојат Учители кои достигнале највисока свест и ако ги читате нивните книги, несомнено ќе добиете инспирација. Најдобро е да не се читаат книги на професори или научници или аспиранти – кои се сеуште на патот и кои не достигнале просветлување. Само на тие кои ја реализирале Вистината и кои имаат капацитет да ја понудат Вистината. Во спротивно ќе бидете како слеп човек, кој е воден од друг слеп човек.

Инспиративно друштво

Исто така, добра идеја е да се биде во друштво со луѓе кои веќе медитираат некое време. Овие луѓе можеби нема да можат да Ве учат, но ќе можат да Ве инспирираат. Дури и само ако седите покрај нив, додека медитираат, Вашето битие несвесно ќе добие медитативна моќ од нив. Не крадете ништо – Вашето внатрешно битие само зема помош од нив, без Ваше надворешно знаење.

0617_68.jpgОдржување на ентузијазмот

Што треба да правите ако не чувствувате ентузијазам или инспирација да медитирате некој ден? На кратко потсетете се што бевте пред да влезете во духовниот живот. Кога ќе ја погледнете разликата помеѓу тоа што бевте и тоа што сте сега, веднаш ќе се отвори извор на благодарност кон Севишниот внатре во Вас, затоа што Ве инспирирал и го разбудил внатрешниот плач и затоа што се исполнува во и низ Вас.

Друга работа која можете да ја направите е да се потсетите на моментот кога сте ја имале најблажената медитација и свесно да нурнете длабоко во тоа искуство. Потсетете се на суштината – на восхитот од тој момент и силната радост. Во прв момент само ќе го замислувате тоа искуство, затоа што всушност нема да медитирате. Но, ако влезете во тој свет на имагинација и останете во него десет или петнаесет минути, моќта автоматски ќе навлезе во Вашата медитација и ќе имате резултати од тоа. Потоа тоа нема да биде имагинација. Ќе бидете длабоко во светот на медитацијата.
 

Трудот на тежнението секогаш ни дава резултати на задоволство.
Понекогаш, потребно е време,
Но, резултатите сигурно ќе дојдат.

Не се обесхрабрувајте

Video
Видео (на англиски јазик): Извадоци од „Патувањето на трагачот“ – предавање на Шри Чинмој во 1973 година на Универзитетот во Кембриџ.

Ве молам не се вознемирувајте ако не можете да медитирате добро на почетокот. И во нормалниот живот, Бог знае само колку години треба нешто да вежбате, за да станете добри во тоа. Ако некој реализиран пијанист, се потсети каков бил неговиот стандард кога почнувал да свири – ќе се смее. Својот сегашен висок музички стандард, тој го постигнал преку постепен напредок.

Така и во духовниот живот, на почетокот може ќе Ви биде тешко да медитирате. Но, не го силете процесот. Десет минути рано наутро – е доволно. Постепено, Вашиот капацитет ќе се зголемува. Ако практикувате секојдневно, ќе имате напредок во Вашиот внатрешен живот.
 

Продолжете да се обидувате!
Многу често се случува, токму последниот клуч да ја отвори вратата.
Соодветно, токму Вашата последна молитва може да го донесе спасението,
а Вашата последна медитација – Вашата реализација.

Одржувајте постојан стандард

Ве молам чувствувајте како секој ден е важен. Проблемот е во тоа што кога ќе направите нешто добро, чувствувате дека сега заслужувате малку одмор. Денес имате прекрасна медитација и потоа чувствувате: „Денес бидејќи имав добра медитација, утре можам да одмарам.“ Чувствувате дека медитацијата ќе го задржи моментумот, но тоа не е така.

Треба да чувствувате дека секој пат кога медитирате, тоа може да е Вашата последна шанса. Чувствувајте дека утре може да умрете, па така ако денес не успеете – ќе добиете слаба оцена. Кога професорот ќе Ви ги даде испитните прашања денес, Ве молам не чувствувајте дека тој ќе Ви ги даде истите прашања и утре. Минатото поминало. Иднината не постои. Постои само сегашноста. Овде, денес – или ќе станете божествени или ќе останете небожествени какви што бевте вчера. Бидејќи сакате да станете божествени, треба да го направите вистинското – сега и овде. Ваков треба да биде Вашиот став.

Треба да чувствувате како денес да е Вашиот последен ден за да го постигнете тоа што треба да го постигнете. Ако денес не успеете, следниот ден треба повторно да чувствувате како тој ден да е Вашиот последен ден.
 

(Аудио (на англиски јазик): „Излегувам, влегувам“ – Шри Чинмој чита афоризми поврзани со разликите помеѓу надворешниот и внатрешниот живот, во придружба на медитативна музика. 6)

Не се откажувајте!

0622_69.jpg

Ако практикуваме концентрација и медитација секој ден, мора да успееме. Ако сме навистина искрени, ќе стигнеме до целта. Но проблемот е во тоа што, може да бидеме искрени еден ден или една недела, а потоа да чувствуваме како медитацијата не е за нас. Сакаме да го реализираме Бог – преку ноќ. Си мислиме: „Ќе медитирам една недела, еден месец, една година.“ По една година, ако не го реализираме Бог, се откажуваме. Чувствуваме како духовниот живот не е за нас.

Патот до Богореализацијата е долг. Понекогаш, додека одите по тој пат, ќе здогледате прекрасни дрвја со прекрасни листови, цветови и плодови. Понекогаш, ќе видите дека постои само пат, без ништо убаво во околината. Понекогаш можеби ќе чувствувате дека се наоѓате на бескраен пат кој оди низ пустина и дека целта е неверојатно далеку. Но, не смеете да се откажете од напредувањето само затоа што целта изгледа далеку или затоа што сте изморени или немате инспирација. Треба да бидете божествен војник и да марширате храбро и неуморно. Секој ден движете се напред нов километар, правете уште еден чекор – и ќе стигнете до целта на крајот. Во тој момент ќе почувствувате дека навистина вредело да се помачите.
 

Не се откажувајте.
Ако сте упорни, утрешниот мир ќе дојде и ќе го нахрани Вашиот ум – денес
и утрешното совршенство ќе дојде и ќе го допре Вашиот живот – денес.

4. Материјали

- собрани од членови на Шри Чинмој Центарот

Медитирајте дома

  • Курс за во домашни услови - Базиран на повеќегодишно искуство на одржување курсеви за медитација насекаде во светот, овој четири неделен курс беше подготвен од ученици на Шри Чинмој (на англиски јазик.
0712_68.jpg

 

Бесплатна музика за медитација

Повеќето линкови подолу, се од сајтот Radio Sri Chinmoy, кој содржи многу голема колекција на музика за медитација – како на Шри Чинмој, така и на негови ученици.

flute.jpg

Музика за медитација – на флејта

Аудио-лево: Шри Чинмој свири на флејта за време на Концертот за мир на Универзитетот во Јејл, во 1992 година. Музиката на флејта на Шри Чинмој е многу популарен придружник во медитацијата за почетниците – веќе со години. Преку следните линкови можете да симнете два албуми:

  • Music of the Aspiration-Heart: Албум со музика на флејта, издаден во 2002 година.
  • Oneness-Service-Light: Музика на ехо флејта и есраџ (вознесувачки индиски инструмент, кој му беше омилен на Шри Чинмој) – снимена во 1972 година
peace-concert.jpg

Концерти за мир

Шри Чинмој одржа скоро 800 концерти за музика за медитација. Тој ќе го започнеше концертот поклонувајќи и’ се на публиката и медитирајќи, пред да почне да свири на различни источни и западни инструменти.

0713_79.jpg

Инструментални и пејачки групи

Учениците на Шри Чинмој поминаа многу години учејќи го големиот репертоар на песни, а во многу случаи и учејќи лично од Шри Чинмој, кој ги охрабруваше своите ученици да аранжираат и изведуваат музика за медитација пред пошироката јавност. Некои изведби се многу меки и пријатни, додека пак други – динамично патување на душата на нејзиниот пат кон Бескрајноста.

  • (Aудио) Shindhu - женска хорска и инструментална група која изведува музика на Шри Чинмој повеќе од 20 години. Повеќе »
  • Ananda: машка вокална и инструментална група чии членови доаѓаат од В. Британија и Ирска. Повеќе »
  • Mountain-Silence: Швајцарски хорски и инструментален ансамбл Повеќе »
vaasa.jpg

Акапела пеење

Вечерните медитации со Шри Чинмој често вклучуваа акапела пеење на неговите мантрички песни, од различни групи. Овие изведби имаат огромна чистота и едноставност – која малку звучи и на Грегоријански молитви.

  • (Аудио и фото) Машкиот акапела хор Oneness-Dream настапува на Меѓународниот хорски фестивал во Вааса, Финска, во 2012 година. Повеќе »
  • Адарша Кели ги пее песните на Шри Чинмој со својот моќен тенор глас уште од раните 1970-ти години. Повеќе »
  • My Heart's Morning Dews - женски акапела аранжмани на песните на Шри Чинмој. Повеќе »
agnikanas-group-live-in-museum-of-music-7737-300x300.jpg

Концертни изведби на учениците на Шри Чинмој

 Шри Чинмој Центарот организира концерти за музика за медитација насекаде во светот. Тие се индивидуални инструментални изведби, но и групни изведби, па се’ до концертите на Songs of the Soul – ансамбл од 100 пејачи и музичари кој настапувал во преку 25 земји.

  • (Аудио/фото) Групата на Агникана, настап во живо во Чешкиот музеј на музика во Прага, во јули 2012 година. Повеќе »
  • Учениците на Шри Чинмој од Њу Јорк, настапуваат на концертот на Songs of the Soul, на Менхетен, во 2010 година. Повеќе »
  • Ситар маестрото Др. Мадан Шанкар Мишра изведува мелодии на Шри Чинмој во класичен индиски стил. Повеќе »
  • Изведби на Гандарва Лока оркестарот за време на концертот на Songs of the Soul. Повеќе »
0706_78.jpg

Mедитативни музички пејзажи на Алап

Алап од Швајцарија е докажан експериментален музичар, кој создава прекрасни хармонии на разни инструменти. Ова се дел од неговите дела:

  • Boundless - Композиции на Алап, на мелодии на Шри Чинмој
  • Eternity's Sunrise - аранжмани на мелодии на Шри Чинмој

Последно објавена музика на Радио Шри Чинмој - текст/описи на англиски јазик

  • 5 April 2024
    My Soul-Dawn Songs – Sri Chinmoy
    Twenty-three Bengali sung by Sri Chinmoy accompanied by the harmonium. This cassette was originally published in 1989, it includes a […]
  • 6 January 2024
    One Thousand Lotus Petals, Part 3
    In 1999 Sri Chinmoy began selecting and recording one thousand of his favourite songs from the many thousands he had […]
  • 7 December 2023
    Bhakti – Arthada & Friends
    Bhakti is an album of meditative music by Arthada & Friends. It contains 14 tracks, which are composed by Sri […]

Повеќе:

 

Мантри за медитација

Одбрани мантри кои се посебно соодветни за почетници.

Аудио, лево: Аранжман на античката мантра со која се повикува неосвоивата душа Aum aparajitaya namah (Му се поклонувам на тој, кој никогаш не прифаќа пораз) – музика на Шри Чинмој.

Овие аранжмани се креирани од групата Ананда од В. Британија и Ирска. Сите мантри и музика можете да ги симнете на Радио Шри Чинмој.

ananda.jpg


Подкасти - на англиски јазик

meditation-silence

Meditation Silence е серија на видеа, посветени на различни аспекти на медитацијата.

Гледајте: Meditation Silence на Шри Чинмој ТВ

 


Текстови за медитација - на англиски јазик

- од членови на Шри Чинмој Центрите во светот

  • 1. Ако тое не е поинаку специфицирано, текстовите во секциите 1, 2 и 3 се земени од книгата на Шри Чинмој со наслов Meditation: Man-Perfection in God-Satisfaction.
  • 2. Од книгата Wings of Joy, на Sri Chinmoy, објавена од Simon & Schuster во 1997
  • 3. Извадоците се земени од книгата Meditation: God's Duty And Man's Beauty на Шри Чинмој, во издание на Agni Press, во 1974 г.
  • 4. Може да се симне од албумот Journey Beyond Within - трака 7 преку Radio Sri Chinmoy
  • 5. Од албумот Peace: Divinity's Dream on Earth (трака 2), може да се симне преку Radio Sri Chinmoy
  • 6. Може да се симне од албумот Journey Beyond Within - трака 5 на Radio Sri Chinmoy