Шри Чинмој

За членовите на Шри Чинмој Центарот, Шри Чинмој е нашиот Гуру – духовен учител. Ние се имаме придружено во Центарот, затоа што имаме почувствувано дека преку неговите медитации и учења, можеме да постигнеме духовен напредок.

Video

Шри Чинмој беше роден во 1931 година во Бенгал. Од 1944 до 1964 година, тој живееше во ашрам (духовна заедница), на југот во Индија. Таму поминуваше многу часови секој ден во медитација и постигна висока состојба на свест, која во многу традиции е опишана како просветлување или Богореализација.

Слушајќи внатрешна заповед, Шри Чинмој заминува во Њујорк во 1964 година – да им служи на духовните трагачи од западот. Тој живееше во Њујорк се’ до неговото починување во 2007 година.

Ова се само дел од философијата и активностите на Шри Чинмој:

Содржина на оваа страна: 1. Активности на Шри Чинмој:  Сонувач за мир  • Меѓурелигиска работа  •  Текстови и поезија    •   Музика   •   Спорт   •   Уметност    •    Хуманитарно служење
2. Философијата на Шри Чинмој
3. Зборови од светски лидери
4. Шри Чинмој како духовен учител
 

Активности

Шри Чинмој веруваше дека внатре во секој човек, постои универзален плач за мир и единство.

Прво треба да постигнеме мир во самите себе, па дури потоа ќе можеме да се обидеме да понудиме мир и на другите. Ако се чувствувам смирен, тогаш нема да најдам проблем со Вас и да се расправам со Вас. Ако Вие се чувствувате смирено, тогаш нема да се расправате со мене или со некој друг. Така, ако можам да најдам внатрешен мир во себе, а Вие да најдете внатрешен мир во Вас, тогаш мирот ќе расте во светот како цвет – лист по лист.

Шри Чинмој 1

Шри Чинмој со У Тант, во 1972г.

Во 1970 година, по покана на тогашниот Генерален секретар, У Тант, Шри Чинмој почна два пати неделно да нуди Медитации за мир за вработените и делегатите во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Овие медитации, но и други програми на Шри Чинмој: Медитации за мир во Обединетите нации продолжуваат до денешен ден.

Шри Чинмој ја создаде Трката за мир на домот на единство (Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run) во 1987 година и ова денес е најголемата штафетна трка за мир. Интернационален тим на тркачи го носи Факелот на мирот – насекаде во светот, поканувајќи ги локалните заедници да се приклучат и да ги прифатат идеалите на трката како свои. Милиони луѓе во преку 150 земји во светот го имаат носено факелот и ги имаат понудено своите сопствени желби за подобар свет.  • Повеќе за Трката на мирот (на англиски јазик) »

Трката на мирот - во Бали

Стотици значајни места, од страна на претставници на државна или локална власт – се посветени на мирот, добивајќи го името Шри Чинмој Цветови на мирот (Sri Chinmoy Peace-Blossoms), вклучувајќи помеѓу нив и земји, главни градови и разни светски познати чуда на природата.

Шри Чинмој за време на инаугурацијата на Нијагарските водопади во Шри Чинимој Цвет на мирот, во 1992 година.
 

Пишување

Повеќе (на англиски јазик): Текстови на Шри Чинмој »     исто и:  Цитати на Шри Чинмој (на англиски јазик) »

Video
Видео: Шри Чинмој медитира и чита три свои поеми од книгата 'Мојата флејта', една од неговите најрани поетски колекции

Шри Чинмој започна да пишува поезија уште за време на своите тинејџерски години и остави многу голема колекција на текстови зад себе: повеќе од 1600 објавени книги, вклучувајќи во нив поезија, говори, драми и одговори на духовни прашања.

Повеќето од неговите подоцнежни пишувања по пристигнувањето на западот, се состојат од молитвени афоризми – препознатливи по својата едноставност и чистота.

Љубовта не е за разбирање.
Љубовта не е за чувствување.
Љубовта не е да се дава и да се прима.
Љубовта е нешто – што само треба да се стане
и вечно да се биде. 2


Научете ја уметноста на проштевањето,
И применете ја прво на самите себе.
Потоа е лесно
да им се прости на другите. 3  

Шри Чинмој

За време на својот живот, тој објави три многу големи колекции на поезија и афоризми, како и многу – помали колекции:

  • Ten Thousand Flower-Flames, напишани помеѓу 1978 и 1983 година
  • Twenty-Seven Thousand Aspiration-Plants, напишани помеѓу 1983 и 1998 година.
  • Seventy-Seven Thousand Service-Trees, започнати во 1998 година. До своето заминување во 2007 година, тој имаше завршено 50000 афоризми во оваа колекција.
Колекцијата на Шри Чинмој, со наслов 'Twenty-Seven Thousand Aspiration-Plants' беше публикувана во 270 книги, по 100 поеми во секоја од нив.


Во доцните 1960ти и 1970ти години, Шри Чинмој одржа предавања за духовна философија, во универзитети насекаде во светот, вклучувајќи ги помеѓу нив и Харвард, Јејл, Корнел, Оксфорд и Кембриџ. Овие предавања беа собрани во книги со наслов Источна светлина за западниот ум. Тој исто така има напишано и преку 60 претстави, од кои многу од нив – посветени на духовни личности како Исус и Буда.

Повеќето од книгите на Шри Чинмој се достапни секому за читање преку сајтот Библиотека на Шри Чинмој (на англиски јазик).   • Посетете го сајтот Sri Chinmoy Library »

 

Спортски активности

Повеќе (на англиски јазик): Спортските активности на Шри Чинмој »

Кога работиме нешто активно, чувствуваме задоволство. Ако пешачиме, па дури и само ако стоиме, добиваме задоволство. Потоа, ако можеме да трчаме, добиваме уште повеќе задоволство. Крвта циркулира во телото, виталот се чувствува подинамичен, а дури и умот добива прекрасно чувство дека има нешто направено.

Шри Чинмој 4

Шри Чинмој за време на тренинг, 1992г

Шри Чинмој бил одличен спринтер во својата младост, а почнува да трча поголеми растојанија на своја 40-годишна возраст, финиширајќи 22 маратони и 5 ултра-маратони. Тој ставаше посебен акцент на идеалот на себе-надминување: натпреварување со своите сопствени капацитети наместо со другите – како пат кон радост.

Во своите подоцнежни години, тој се сврте кон кревањето тегови и постигна неверојатни подвизи во оваа област, за кои велеше дека се резултат на внатрешната сила која доаѓа од тивок ум. Тој посебно се обидуваше да ги инспирира постарите лица преку кревањето на тежини, со порака: "Возраста е само во умот, а никогаш во срцето;

Video
Предизвикување на невозможното: документарен филм за Шри Чинмој, за неговото кревање тегови, во кој гостуваат реномирани личности од тој свет, како Бил Перл, Френк Зејн и Вејн ДеМилиа, но и Уго Жирард и атлетичарот Карл Луис.

Шри Чинмој е многу духовен човек. Чувствувам дека причината поради која Шри Чинмој ги крева овие тегови е неговата љубов кон Бог и вербата дека преку Бог – се’ е можно. Овој човек го има направено невозможното, поради вербата, мудроста и љубовта кон Бог. Преку Бог можеме да направиме се’ и Тој ни овозможува да ги надминеме човечките потфати. Можеби ќе чувствуваме дека не можеме да продолжиме, но затоа што наоѓаме внатрешна верба – можеме. Телото вели „стоп“, но духот извикува „никогаш“. Во кодот на воинот, нема застанување.

Мухамед Али 5

Video
Интервју од 2004г (на англиски јазик). Шри Чинмој објаснува како неговото кревање на тегови му служи на светот, давајќи им радост на луѓето – “На земјава сме, за да си даваме радост едни на други”.
Тој исто така го користеше кревањето на тежини, да оддаде почит на некои луѓе, на еден уникатен начин преку програмата  Кревање на светот со срце на единство преку која креваше луѓе над својата глава, користејќи посебна конструкција/апаратура за таа цел. По кревањето, често луѓето кои беа кренати го опишуваа своето искуство како да биле кренати и нивното тело, но и нивниот дух.

Во 1977 година, Шри Чинмој го оформи Шри Чинмој Маратон Тимот со цел да организира трки насекаде во светот – да и’ служи на трчачката заедница, во нејзиниот обид да ги надминува своите граници. Низ годините, овој тим стана еден од најголемите организатори на „ендуренс“ настани во светот, станувајќи пионер во важниот развој на „ендуренс“ настаните. Од јуни до август секоја година, во Њу Јорк, овој тим ја организира во моментов најдолгата сертифицирана трка во светот – Трката на Себе-надминување на 3100 милји.   • Повеќе за спорт »      • Повеќе за Трката на 3100 милји (на англиски јазик) »

 

Музика

Повеќе: Песните и музиката на Шри Чинмој »

Музиката е внатрешен или универзален јазик на Бог. Јас не знам француски, германски или италијански јазик, но ако се свири музика, срцето на таа музика веднаш влегува во моето срце или моето срце влегува во таа музика. Во тој момент не ни е потребна никаква надворешна комуникација. Внатрешното причестување на срцето е сосема доволно. Моето срце се причестува со срцето на музиката и преку нашата причест ние стануваме нераздвојно едно.

- Шри Чинмој 6

Video
Видео: Шри Чинмој пее дел од своите Бенгали песни

Шри Чинмој започна да создава песни уште во своите рани тинејџерски години. Тој има компонирано преку 23000 песни, од кои околу 13000 на својот мајчин, Бенгали јазик, а другите најчесто на англиски јазик. Неговите песни се различни: од кратки, мантрични песни од една линија, до неговата најголема песна Dyulok Chariye Nara Narayan, која има 54 строфи.

Сајтот Песни на Шри Чинмој (на англиски Sri Chinmoy Songs), ја има музиката за повеќето песни на Шри Чинмој. • Посетете го сајтот Sri Chinmoy Songs » 


Во 1984 година, Шри Чинмој почна да нуди бесплатни концерти на медитативна музика. Овие концерти беа именувани како Концерти за мир или некогаш и Концерти на молитвена музика. До моментот на неговото заминување во 2007 година, тој одржа скоро 800 вакви концерти, а некои беа организирани и во навистина престижни амбиенти како тие во Ројал Алберт Хол во Лондон, Карнеги Хол во Њујорк и Опера Хаус во Сиднеј...

Концерт за мир во Будимпешта, во 2005 година

По започнувањето на концертот со воведна медитација, Шри Чинмој потоа ќе изведуваше свои композиции на различни инструменти од истокот (есраџ, хармониум, бансури...), како и на инструменти од западот (чело, флејта...), но и моќни импровизации на пијано и синтисајзер.

Каква моќ има во музиката на овој човек! Мојот музички дух е многу, многу длабоко импресиониран.

Леонард Бернштајн, легендарен композитор

 

Уметност

Повеќе (на англиски јазик): Уметноста на Шри Чинмој »

Video

Ова се едни од најубавите и највосхитувачки слики кои некогаш сум ги видел. Во уметноста на Шри Чинмој го гледам задоволството во создавањето на убавина. Неговата уметност е класичен пример дека создавањето не само што е задоволство, туку и дека треба да е задоволство. Преку својата уметност, тој го зема своето задоволство и го нуди со останатите.

Ханс Јаничек, Претседател на Друштвото на писатели на ОН

Шри Чинмој почна да слика за време на својата посета на Канада во 1974 година. Во текот на 33 години, тој создаде 140000 апстрактни дела, во стил кој на својот мајчин, Бенгали јазик, го нарече Jharna-Kala, (во превод Фонтана-Уметност) – уметност која надоаѓа во спонтан тек, директно од внатрешниот извор.

Во 1977 година, Шри Чинмој ја наслика „CKG Transcends” – едно од неговите најголеми дела

Помеѓу 1991 и 2007 година, тој создаде серија од цртежи на птици, кои ги нарече Dream-Freedom-Peace-Birds, или едноставно Птици на душата, кои на број се вкупно 16 милиони птици. За Шри Чинмој, овие птици ја отелотворуваат бескрајната слобода на човековата душа.

Низ годините, сликите и цртежите на Шри Чинмој беа изложувани во галерии насекаде во светот, помеѓу кои и Карусел де Лувр во Париз, зградата на ОН во Њујорк, националните парламенти на Австралија, Украина и Нов Зеланд.

Меѓурелигиски активности

Повеќе (на англиски јазик): Меѓурелигиските активности на Шри Чинмој »

Во свет на сомнеж, непријателство и конфликт, тој неуморно работеше во зближување на различните религии помеѓу себе и инспирираше многу други да го работат истото.

Архибискуп Дезмонд Туту 7

Шру Чинмој порасна во Хинду семејство, но сепак, благодарение на своите внатрешни искуства, тој увиде дека сите пристапи кон Вистината, водат до иста цел. Тој често знеше да каже дека негова единствена религија е љубовта кон Бог и дека тоа е суштината на секоја религија.

Шри Чинмој создаде музика за свети стихови од Христијанството, Хиндуизмот и Будизмот и одржа многу говори и универзитетски предавања, посветени на хармонијата позади сите пристапи кон вистината. 

Целосно се согласувам дека сите религии водат кон вистината – кон Апсолутната Вистина. Има само една Вистина. Има само една Цел, но има различни патишта. Секоја религија е вистинска, на свој сопствен начин. Но, ако некоја религија вели дека таа е единствената религија, или пак најдобрата, во тој момент имам потешкотија да се гледам очи во очи со таа религија... Религијата е куќа. Јас живеам во мојата куќа. Вие живеете во Вашата куќа. Не можам да стојам на улица, ниту пак Вие. Но, доаѓа ден кога го прошируваме нашиот поглед. Чувствуваме дека надвор од границите на нашите обреди и ритуали на религијата, има повисока Цел.

- Шри Чинмој 8

Video
Воведна медитација за време на Парламентот на светските религии, 1997г.

Во 1993 година, тој беше поканет да одржи воведна медитација пред Светскиот парламент на религии во Чикаго, со кој се означи 100-годишнината од првиот ваков Парламент, одржан во 1893 година. Шри Чинмој ја одржа воведната медитација и за време на настанот во Барселона во 2004 година.

Хуманитарно служење

More: Хуманитарниот проект The Oneness-Heart-Tears and Smiles »

Шри Чинмој е основач и на хуманитарната програма Солзи и насмевки на срцето на единство (Oneness-Heart -Tears and Smiles). Оваа програма произлезе од потребите за достава на разни материјали во Русија во почетокот на 1990тите години, во што беше вклучен и одговор на барањето на Претседателот Михаил Горбачев, за помош и поддршка на развој на Истражувачкиот институт за педијатриска хематологија во Москва. Оваа болница специјализира во помагање на децата во Русија кои страдаат од леукемија.

Низ годините, програмата се зголеми кон земји насекаде во светот. Шри Чинмој чувствуваше дека давањето на овој начин, ги збогатува донаторите со чувство на поврзаност и единство со луѓето од целиот свет.

Не сакам донации, туку грижа – вистинска грижа. Кога некој ми донира, имам чувство на инфериорност, а кога јас донирам, несомнено чувствувам супериорност. Не го сакам ниту чувството на инфериорност, ниту чувството на супериорност: сакам чувство на единство... Само тоа чувство ми носи задоволство и ова чувство мора да биде раширено.

- Шри Чинмој 9

Повеќето од програмите имаат за цел да ги поврзат и инспирираат луѓето на начини кои се многу повеќе од материјална помош. На пример програмите Деца за деца и Цртежи на љубов – кои ги поврзуваат децата од различни делови на светот, преку размена на цртежи и подароци.    • Повеќе за оваа програма (на англиски јазик) »

Философијата на Шри Чинмој

Шри Чинмој го нарече својот духовен пат: пат на срцето. Тој ги охрабруваше духовните трагачи да медитираат на центарот на срцето, кој се наоѓа во средината на нашите гради – каде ја чувствуваме суштината на нашето битие. На пример, во 1970 година, тој започна едно предавање пред своите ученици, со овие зборови:

Нашиот пат во основа е пат на срцето, а не пат на умот. Тоа не значи дека го критикуваме патот на умот. Далеку од тоа. Само чувствуваме дека патот на срцето, ќе не’ однесе побрзо до нашата цел.

- Шри Чинмој Прочитајте го овде целиот говор (на англиски јазик) »

Video
Видео: Шри Чинмој зборува за умот и срцето: Умот е тој кој разделува, а срцето – обединува. За жал умот го имаме користено безброј пати повеќе, отколку што сме ги користеле нашите срца.'

Блискоста која тргачите по вистината ја чувствуваат кон Шри Чинмој, доаѓа од свеста, чистотата и мирот кои се отелотворени во неговите медитации и активности, а не преку некаков философски концепт. Во исто време пак, тој има пишувано интензивно за секој можен аспект на внатрешниот живот – со едноставност и јаснотија кои доаѓаат од директно искуство на највисоката состојба на свест.

Ова се само дел од вообичаените теми од пишувањата на Шри Чинмој:

Специјалната мисија на душата
Шри Чинмој чувствуваше дека секој човек има уникатна улога која треба да ја одигра во создавањето на подобар свет:

Вашата душа има специјална мисија. Вашата душа е силно свесна за тоа. Маја, илузијата или заборавањето – прават да чувствувате дека сте ограничени, слаби и беспомошни. Но, тоа не е вистина. Вие не сте телото. Вие не сте сетилата. Вие не сте умот. Сите овие се ограничени. Вие сте душата, која е неограничена. Вашата душа е бескрајно моќна. Вашата душа им пркоси на времето и просторот.

- Шри Чинмој

Бог како наша сопствена Највисока реалност

Богореализацијата, или siddhi, значи себе-откривање во највисокото значење на тој израз. Тоа е свесна реализација на своето единство со Бог. Се’ додека трагачот останува во незнаење, ќе чувствува дека Бог е некој друг, кој има бескрајна Моќ, а тој, трагачот – е најслабата личност на земјата. Но, во моментот кога ќе го реализира Бог, ќе увиди дека тој и Бог се апсолутно едно, како во внатрешниот, така и во надворешниот живот. Бого-реализацијата значи идентификација со своето апсолутно највисоко Себе.

- Шри Чинмој


Според Шри Чинмој, Бог може да биде достигнат на многу начини, во зависност од нашиот сопствен темперамент.

Секој човек посебно, треба да го реализира Бог, во зависност од својот внатрешен капацитет. И секој човек посебно може да одбере кој аспект на Бог, најмногу го задоволува. Некој можеби ќе го сака Божјиот личен аспект, како најсветло Битие, додека пак некој друг можеби повеќе ќе го сака безличниот аспект: Бог како бескрајна Енергија. Некој друг пак ќе биде задоволен само ако Бог кој тој треба да го реализира, е Бог надвор од неговата имагинација. Бог е истовремено личен и безличен. Бог ќе дојде секому – онака како што бил неговиот индивидуален избор, за да го задоволи на негов сопствен начин.

- Шри Чинмој


Шри Чинмој посебно сакаше да го користи зборот „Севишен“, за да го опише Највисокото и овој збор често се користи во мантрите на неговите ученици. Тој промовираше пристап на божествена љубов, посветеност и предаденост кон Севишната реалност внатре во нас. Тој често ја објаснуваше разликата помеѓу божествената љубов и обичната човечка љубов, велејќи дека божествената љубов доаѓа без никакво чувство на очекување или возвратено почитување 

Духовноста не значи бегање од светот.
Шри Чинмој веруваше дека денес, луѓето можат да имаат длабок внатрешен живот, а во исто време да останат да бидат дел од општеството.

Ако некој каже дека ќе го отфрли светот со цел да го реализира Бог, би сакал да кажам дека тоа е погрешно. Со отфрлање на секого, кој тој човек ќе го прифати? Бог? Не! Бог е во сите човечки души. Денес тој ќе го отфрли светот, но следниот ден ќе увиди дека Бог кој тој го бара – не е на друго место. Бог е во самиот свет. Неговото однесување и став се тие кои го спречуваат да го види Бог во светот... Секако дека има работи кои треба да се отфрлат кога се води духовен живот. Но, тоа не значи отфрлање на луѓе. Ќе отфрлиме квалитети – квалитети кои ни стојат на патот кон нашето единство со Божественоста. Ќе ги отфрлиме сомнежот, несовршеноста, незнаењето и смртта. 

- Шри Чинмој 10

Креативните напори на Шри Чинмој во уметноста, поезијата, музиката и спортот, беа начин на демонстрација, дека внатрешната тишина која доаѓа од длабока медитација, може да даде дополнително значење и исполнетост во сите човекови потфати.

Трансформација преку прифаќање

Секој човек треба да се прифати себе, таков каков што е: половина во незнаење и половина со знаење. Се’ додека не се прифатиме себе во целост, како дел во незнаење и дел со знаење, никогаш нема да стигнеме до Целта. Прво треба да ги прифатиме и темнината и светлината. Потоа ќе треба да дадеме повеќе значење, многу повеќе значење – на светлината во нас. Дури тогаш тој дел кој е во незнаење во нас – ќе биде трансформиран.

- Шри Чинмој 11


Шри Чинмој веруваше дека светот може да биде променет на подобро, само ако го прифаќаме и го сакаме, таков каков што е сега.

Ако навистина сакате да го сакате човештвото, тогаш треба да го сакате човештвото такво какво што е сега и да не очекувате дека ќе дојде до некој конкретен стандард. Ако човештвото треба да стане совршено, пред да биде прифатено од Вас, тогаш нема да му биде потребна Вашата љубов, наклонетост и грижа. Во моментов, во својата несовршена состојба на свест, на човештвото му е потребна Вашата помош. Дајте му ја на човештвото Вашата помош, дури и таа да е најмалку важна и ограничена.

- Шри Чинмој 12

Зборови со поддршка од светски лидери

За време на 43-годишното служење на Шри Чинмој на западот, тој оствари средби со многу светски лидери и инспиративни личности, од сите области на животот. 

Претседателот Михаил Горбачев

“Твоето срце со љубов и длабока мудрост, ја имаат мојата неограничена восхит.”

- Михаил Горбачев,  1992

“Нема многу луѓе во светот, кои толку искрено им се посветени на идеалите на љубовта кон ближните човечки суштества, мирот и разбирањето и кои се толку себе-давачки во своите активности...”

- Михаил Горбачев,  1995 13

Mikhail Gorbachev

Претседателот Нелсон Мандела

“Не можам да го изразам со зборови моето задоволство! Тоа што го правиш е во интерес на целото човештво и на светот.”

- Нелсон Мандела,  јануари 1996

“Почестен сум што можам да искажам роденденска желба кон личност од твој, водечки калибар, поради тоа што се имаш истакнато како извонреден војник на мирот.”

- Нелсон Мандела,  август 1996 14

Nelson Mandela

Папа Јован Павле Втори

“Многу сум благодарен за твојата посета. Бог да те благослови тебе и твоите контемплативни активности.”

- Папа Јован Павле Втори,  1988

“Специјални благослови до тебе. Специјални поздрави до твоите членови. Продолжуваме заедно.”

- Папа Јован Павле Втори,  1980 15

Pope John Paul II

Папа Павле Шести

Оваа наша средба беше многу суштинска. Твојата и мојата порака се исти. Кога и двајцата ќе го напуштиме овој свет, јас и ти – ќе се сретнеме повторно.”

- Папа Павле Шести,  1972

“Сакам да ти кажам дека сум навистина горд за твојата служба во Обединетите Нации.”

- Папа Павле Шести,  1973 16

Pope John Paul II

Мајка Тереза

"Да продолжиме да ја работиме Божјата Работа заедно. Колку само се прекрасни твоите активности за светски мир и за целото човештво!"

- Мајка Тереза, 
1996

"Многу сум задоволна со целата работа која ја правиш за светскиот мир и за сите луѓе во толку многу земји. Да продолжиме да работиме заедно и да ја споделиме заедно сета Божја слава – и за доброто на луѓето."

- Мајка Тереза,  1994 17

Video

Принцеза Дијана

“Знам дека и ти работиш да се намали непотребното патење и навистина си помогнал на многу, многу луѓе...Ти благодарам за великодушноста на твојот дух и ти испраќам најдобри желби од се’ срце.”

- Принцеза Дијана,  јули 1997

“Твоите писма се толку многу охрабрувачки. Преку ова охрабрување ја наоѓам силата да продолжам со мојата работа во борба против мините, која е толку многу важна за мене...”

- Принцеза Дијана,  август 1997 18

Princess Diana

Архибискуп Дезмонд Туту  

“Ти си дел од духовната сила на љубовта која извира од Бог и која ќе го трансформира злото во овој свет. Ти благодарам за твојата упорност и тоа што продолжуваш и продолжуваш. Можеби светот и продолжува да постои само поради луѓе како тебе, кои помагаат да се одржува неговото битие.”

- Архибискуп Дезмонд Туту,  2004 19

Повеќе зборови на почит (на англиски јазик): искажување на почит по починувањето на Шри Чинмој во 2007, на srichinmoy.org

Video

Шри Чинмој како духовен учител

p.jpgШри Чинмој служеше како духовен учител на илјадници ученици од секаде во светот. Тој промовираше балансиран начин на живо, во комбинација со медитација и молитва, како и динамичен надворешен живот во служење на светот:

Нашиот пат, патот на срцето, истовремено е и пат на прифаќањето. Мораме да го прифатиме светот. Ако влеземе во пештера во Хималаите или седнеме на врвот на некоја планина и таму плачеме за лично постигнување и задоволство, тогаш нема ништо да направиме за светот. Ќе биде вака: ќе јадам колку што ми душа сака и ќе ги оставам моите браќа ненајадени и гладни. Тоа не е добро. Ако сум вистинско човечко суштество, треба да бидам дали и моите браќа јадат заедно со мене. Само ако јадеме заедно, ќе добиеме вистинско задоволство.

- Шри Чинмој 20


Ако сакате да дознаете повеќе за духовниот живот кој го практикуваат учениците на Шри Чинмој, Ве молиме прочитајте повеќе: За Шри Чинмој Центарот »

Многу ученици беа инспирирани да пишуваат за своите искуства со Шри Чинмој и за многуте начини како тој ги охрабруваше да напредуваат во нивните животи. Повелете неколку текстови (на англиски јазик).

  • Meditations with Sri Chinmoy медитациите со Шри Чинмој беа прекрасен микс на тивка медитација, музика, поезија, молитва, креативност и хумор. Плус приказни и мудрости од Учителот.
  • Moments with Sri Chinmoy: Нашиот учител умееше да ги претвори дури и најкратките разговори и интеракции, полни со љубов и милост.
  • A Master's guidance: Ученици го опишуваат суптилното водство на Шри Чинмој во животот, од работни активности до ситуации на живот или смрт.

Други сајтови за Шри Чинмој (на англиски јазик):