Трка за Светска Хармонија

Трката за Светска Хармонија е глобална трка која има цел да го промовира меѓународното пријателство и разбирање. Како симбол на хармонија, тркачите носат факел кој го предаваат од рака на рака помеѓу илајдници луѓе од локалните заедници, поминувајќи при тоа во преку 70 нации во светот.


Трката за Светска Хармонија е настан кој ги допира животите на милиони луѓе кои ги сретнува трчајќи ја својата рута. Тркачите посетуваат училишта, локални организации, атлетски клубови и членови од владите и локалните самоуправи. Со нив тие заедно ја поздравуваат целта за светска хармонија, а исто така им оддаваат признание на луѓето кои во заеницата работат за хармонија на нивен сопствен начин.

Трката за Светска Хармонија не претставува кампања на одредена политичка кауза, туку едноставно се обидува да доведе до развивање на меѓусебното разбирање помеѓу луѓето од сите нации и да го зацврсти чувството на меѓународно братство и единство.


Основачот и организаторите

Нелсон Манела и неговата сопруга Граса Махел, го држат факелот со основачот на Трката за Светска Хармонија, Шри Чинмој

Оваа трка во која учествуваат луѓе од сите националности, вероисповеди и култури е основана од Шри Чинмој во 1987 година. ШриЧинмој верува дека спортот е моќен инструмент за промовирање на светската хармонија. Шри Чинмој е меѓународно познат по неговите бројни активности кои ги обединуваат луѓето од различни култури со цел да работат за еден поисполнувачки свет. Атлет, философ, уметник и поет, Шри Чинмој кој сега е во неговите седумдесетти, го посвети неговиот сопствен живот во работа за светска хармонија и единство.

Трката за Светска Хармонија е организирана од Шри Чинмој Маратон Тимот кој е најголем организатор на ултра-маратони во светот. Шри Чинмој го основа Шри Чинмој Маратон Тимот во 1977 година во служба на атлетската заедница со цел да го промовира личното надминување и хармонија преку спортот.

Во текот на сите изминати години, Шри Чинмој Маратон Тимот стана најголемиот спонзор на трки на ултра-дистанци и главен организатор на разни трки, маратони, триатлони, разни спортски настани, маратонски пливања и атлетски настани. Бил домаќин на неколку национални шампионати, а многу светски рекорди се поставени токму на трките организирани од Тимот.

Во раните години, токму на овие трки се поставуваа стандардите и нивоата на услуга кон учесниците кои денес се веќе нормални: редовни освежителни станици, ланч-пакети за после трката и награди за старосни групи и до над 70 годишна возраст. Оваа меѓународна волонтерска мрежа е спонзор на преку 500 атлетски случувања во годината, вклучувајќи ја тука и годишната Шри Чинмој Трка на 3,100 милји.


  Пријатели на трката

(кликнете овде да ги видите нашите пријатели од Македонија)

             

Папата Јован Павле Втори: “ Ги поздравувам тркачите...кои го носат факелот кон дестинацијата на мирот низ улиците во светот.“

Претседателот Михаел Горбачов е долгогодишен пријател и поддржувач на Трката за Светска Хармонија - го држеше факелот за време на прославата по повод годишнината од Перестројката во Италија.

Претседателот Нелсон Мандела и неговата сопруга Граса Махел го држеа факелот задно со Шри Чинмој - основачот на Трката за Светска Хармонија.
 

             

Мајка Тереза високо го држи факелот на задоволство на членовите на нејзината Мисија на Милосрдие.

Мухамед Али, “Најголемиот“, трикратен светски првак во тешка категорија во бокс.

Карл Луис – деветкратен освојувач на златен Олимписки медал и портпарол на Трката за Светска Хармонија ја нуди својата порака до учесниците на Трката за Светска Хармонија

          

Жоаким Круз, освојувач на златен Олимписки медал, од Бразил

Кети Фримен, освојувач на златен Олимписки медал, од Австралија

Рави Колтрејн, светки познатиот саксофонист го држи факелот – тој ни се придружи на неодамнешната средба на организатори на Трката за Светска Хармонија во Њу Јорк.

                           

Генади Стрелаков, Руски космонаут – го зеде факелот во вселенската станица МИР која е во орбитата на Земјата.

Ригоберта Менчу, добитник на Нобеловата награда за литература во 1992 година – ја понуди својата поддршка на Трката за Светска Хармонија за време на нејзината посета на Њу Јорк.


Document Actions

Порака од Карл Луис


Карл Луис, освојувач на девет златни Олимписки медали:

“Преку Трката за Светска Хармонија се предава запален факел од рака на рака и од срце на срце. Носејќи го факелот вие ќе ги премостувате културните и социјалните бариери и сите граници кои постојат помеѓу различните нации. Вие ќе бидете жив доказ на прастарата визија за убав и хармоничен свет.

Кога го носев Олимпискиот факел во Акропол во 2004 година, почувствував големо единство со сите луѓе во светот. Секој учесник во Трката за Светска Хармонија ќе покаже дека надежите и соништата на човештвото се поистрајни од неговите стравови. Патот до светска хармонија не е поголем од храброста на тие кои го прифаќаат овој предизвик.

Со голем ентузијазам ја поддржувам Трката за Светска Хармонија. Ја прифаќам улогата на портпарол со цел да охрабрам помасовно учество и да ги инспирирам илјадниците луѓе кои ќе ја споделуваат оваа голема авантура.„

Лос Анџелес, 16-ти Март 2005