Перу 2005


Еден од главните предизвици во алпинизмот е да се надминат човечките граници, да се постигне она што навидум се чини невозможно. Водени од таква желба, воедно да се доживее и нешто што ќе се памети цел живот, да се видат далечни места и специфични култури, интернационалната група алшинисти, минатиот месец го поминаа на андите во Јужна Америка, на Перу.

Ништо невообичаено, би рекле, тоа се случува секојдневно. Илјадници алпинисти го прават тоа секој ден, но она што е вест во овој текст е дека во групата помеѓу двајцата американци, канаѓанецот и израелецот, беа и двајца македонски алпинисти. Експедицијата искачи четири врва повисоки од 5000 метри, што за македонскиот алпинизам во последниве десет години преставува едно од највисоките искачувања. Екалабија Зоран Божинов и Шакшама Слободан Коловски се двајцата македонци што учествуваат во оваа експедиција.

Со помош на „Шри Чинмој Маунтеринг“ тие успејаа во претходните шест месеци да се искординираат со своите пријатели од другите краишта на планетава и да ја договорат, организираат и реализираат едномесечната мисија на Андите.

Екалабија и Шакшама се искачија на врвот Маипараху висок 5230 метри, кој според интернационалната скала е со релативно лесна тежина, а Екалабија самостојно, односно во соло варијанта што се смета за многу потешка и поопасна, се искачи на врвот Ишинка, висок 5550 метри, и е оценет како врв со релативна тежина. Неговата цел беше да се искачи на Сан Хуан, 5870 метри, врв многу тежок за искачување, но поради тешките услови беше принуден да се откаже на 270 метри пред самата цел.

Шакшама покрај Маипараху, се искачи на врвот Токлараху, висок 6020 метри, оценет како тежок за искачување. На ова искачување, тој и американскиот алпинист Анугата Бах, кој воедно беше и водач на експедицијата, беа принудени да преспијат на 30 метри пред врвот, а со фактот дека беа далеку од нивниот базен логор, тие ноќта ја поминале во дупка ископана во снегот.

Откако двајцата македоснки алпинисти се вратија во Македонија, тие ја пренесоа и атмосферата од селата на надморска височина на над 4000 метри каде што живеат потомци на Инките. 

Повеќе фотографии...

Контакт