Перу 2006

Шакшама – Слободан Колоски заедно со Американецот Анугата Бах направи одлични искачувања во Перу. Тие имаат одлична соработка во изминативе години, а еве како се одвиваше нивната овогодинешна експедиција.

Најпрвин аклиматизацијата ја започнаа со искачување на Писко (5752м) преку насока со оцена PD. Потоа направија обид на Шакша (5700м, AD+), но длабокиот и неконсолидиран снег ги одвратил од таа намера поради опасност од лавина. Потоа тие се искачиле на Урус (5420м, PD) од каде по еден ден одмор се упатиле кон Ранрапалка 6150м).

Токму оваа планина и нејзината северна страна беа нивната главна цел.

Планираната насока имала голем отворен бергшрунд под вториот камен појас, па затоа тие се решиле за друга – потешка насока. Тоа е насоката Scandinavian direct (Скандинавска директна насока) која е со оцена TD/TD+. Насоката се издигнува околу 900 метри во вертикала и има тежини на карпа од V (UIAA) и нагиб од 60-70 степени. По искачувањето до гребенот тие морале да бивакуваат (нешто слично како пред неколку години на Токлараху). Следното утро иако на само 1 час лесно пешачење до врвот (100 метри висинска разлика) сосема задоволни од искачувањето во текот на претходниот ден се решиле да се симнат во базата.

После 5 дена тргнале кон Артесонраху (6025м) со цел да се качат на South Arete ( Јужен гребен – Словенечка насока) со оцена TD. Пред да тргнат им било кажано дека тројца американски алпинисти загинале на нормалната насока која е блиску до тоа што тие планирале да го качат. Таму имало многу луѓе (меѓу кои и родителите) кои ги барале телата на загинатите алпинисти, а исто така авиони, хелихоптери – нешто што секако влијаело на инспирацијата на Шакшама и Анугата. Сепак тие тргнале, но по три часа качување во многу силен ветер, решиле да се вратат.

Шакшама нé известува дека има благи смрзнатини на прстите на нозете (сепак било подобро од минатиот пат), но очекува тие да поминат за 1-2 месеца.