"Шри Чинмој Центар" во Македонија

Инспирирани од учењето на Шри Чинмој и неговите лични примери, неговите студенти воспоставија многу гранки од "Шри Чинмој Центарот" ширум светот.

   
Шри Чинмој

"Шри Чинмој Центарот" го отелотворува учењето на Шри Чинмој во акција, правејќи духовен пристап кон животот на трагачите и аспирантите ширум светот. Часовите по медитација, музичките концерти, трчањето и атлетските митинзи, поезијата и ликовните изложби се само неколку од активностите што студентите на Шри Чинмој го нудат во ова светло.

 

Сите часови по медитацијa се нудат бесплатно по сугестија на Шри Чинмој со објаснување дека духовноста е универзално право по раѓање што никогаш не може да биде купено или продадено.

  МЕДИТАЦИЈА
медитација

Шри Чинмој ни нуди практични вежби и совети кои можат да послужат како сигурен водач кон целта на себеоткривањето: сакајте го Бог и служете го човештвото, трагајте по внатрешниот мир, развијте едноставност, искреност, чистота, понизност, смирете го немирниот ум и проширете го срцето. повеќе...

  СЕМИНАРИ ЗА МЕДИТАЦИЈА
seminari

Периодично, после секое предавање по медитација се организираат семинари што највообичаено траат по еден месец, со двапати неделно посетување на центарот за медитација. На часовите се учат техники, практично изведувани од сите посетители со водство на предавачот кој најчесто е повеќегодишен ученик на Шри Чинмој.

  ФОТОГРАФИИ
галерија Галерија од ФОТОГРАФИИ на членови од глобалниот "Шри Чинмој Центар". Доколку сакате да ја посетите галеријата на членовите од Македонија, кликнете ОВДЕ. Ќе најдете повеќе албуми со различна содржина.
  ЏАРНА КАЛА
џарна кала уметност

Шри Чинмoj ja нaрekувa свojaтa лиkoвнa умeтнoст Џaрнa Kaлa (Jharna Kala), штo нa Бeнгaлсkи знaчи “извoр нa умeтнoстa“...погледнете дел од неговата Џарна Кала колекција...

  ТРКА ЗА СВЕТСКА ХАРМОНИЈА
трка за светска хармонија

Трката за Светска Хармонија е глобална трка која има цел да го промовира меѓународното пријателство и разбирање. Како симбол на хармонија, тркачите носат факел кој го предаваат од рака на рака помеѓу илајдници луѓе од локалните заедници, поминувајќи при тоа во преку 70 нации во светот. Тркачите посетуваат училишта, локални организации, атлетски клубови и членови од владите и локалните самоуправи...повеќе

  "ШРИ ЧИНМОЈ МАРАТОН ТИМ" - СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ
спортски активности

"Шри Чинмој Маратон Тим" е основан од Шри Чинмој во 1977 година, заради помагање на спортската заедница и промовирање на духовниот развој преку спортот. Во Македонија, "Шри Чинмој Маратон Тим" егзистира од 1990 година во рамките на „Шри Чинмој Центарот“... повеќе

  ЧЛЕНОВИ
алпинизам

Голема инспирација за нашите искачувања, но и целосно во нашите животи е духовниот учител Шри Чинмој. Преку своите активности тој нé инспирира да се спознаеме себе си и да ја откриеме вистинската природа на нашето постоење. Неговите зборови „Не постојат граници на нашите способности поради тоа што ја имаме Бескрајната Божественост во нас“ се основен двигател во нашите животи и инспирација за постојано себенадминување...повеќе

  НОВОСТИ
дигање тежини Њујорк – 75-годишниот фитнес шампион и глобален лидер за хармонија - Шри Чинмој, подигна авиони, големи карпи и автомобил, голема тиква и најсилниот човек за 2002, Хуго Жирард од Канада – со целосна тежина од 111.529 фунти што прилбижно еднакво на 60 тона... повеќе
  КНИГИ
медитација

Авторот во книгата на едноставен начин одговара на прашањата: Зошто медитираме? Како да започнеме? Како се медитира на духовното срце? Во книгата се опишани практични вежби за концентрација и медитација, вежби за смирување на умот и за дишење, моќта на мантрите, улогата на музиката итн... повеќе